ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Засилен ангажман на португалското претседателство за отворање на преговорите до јунскиот Самит на ЕУ

May 21, 2021 09:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Португалското претседателство со ЕУ со засилен ангажман да се деблокира процесот и Северна Македонија да ги отпочне преговорите за членство со Унијата. Денеска во Скопје пристигнуваат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, кои според најавите од Брисел, ќе донесат предлог за деблокирање на ветото на Бугарија за Северна Македонија и за одобрување на формалното одржувањето на првата Меѓувладина конференција. Доколку земјите членки на ЕУ постигнат согласност до 22 јуни за Северна Македонија и доколку преговарачката рамка ја задоволува и македонската страна, првата меѓувладина конференција би можела да се одржи помеѓу 22 и 30 јуни годинава.

-Правиме сè за Бугарија да го повлече ветото за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ и јас тврдам дека јуни е оптимална шанса за да се случи тоа и покрај тоа што во Софија има службена Влада, изјави вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи

Османи дополни дека и покрај тоа што Бугарија има службена Влада со задача само за организирање на избори, тоа сепак е владин кабинет што може да донесе одлуки. – Затоа пристапивме со барање да се сретнеме, да го одржиме состанокот на меѓувладината комисија, да го адаптираме акцискиот план, меѓутоа, се разбира и работиме и со нашите пријатели и поддржувачи за да се одблокира процесот, рече Османи.

Тој дополни дека земјава се обидува на сите начини да ја врати довербата со Бугарија и е на ставот дека единствен начин односите помеѓу двете држави да се вратат во нормала, е да се навратиме на самиот Договор за пријателство.

– На Договорот ќе се вратиме ако ја одржиме првата меѓувладина конференција, со тоа што ќе направиме пресек на имплементираното до сега од Договорот и ќе направиме акциски план, за тоа што треба да имплементираме во наредниот период. Тоа се обидуваме да го работиме како Министерство во наредните шест месеци, сподели Османи.

Османи потсети дека политиките на проширување во ЕУ се носат со консензус и го сакале ние тоа или не, такви се правилата на ЕУ. – Доколку една држава не даде согласност на преговарачката рамка и за почнување на преговорите, не може да се почнат преговорите, рече Османи, дополнувајќи дека проблемот кој што го наметна Бугарија со блокадата на текстот на преговарачката рамка и започнување на меѓувладината конференција не е проблем кој што го предизвикавме ние.

Османи вчера се сретна и со бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов кој му ја пренел пораката дека Бугарија останува отворена за прагматичен и отворен дијалог со Република Северна Македонија, којшто ќе ја обнови довербата меѓу двете држави и ќе ја активира билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес. -Во рамки на разговорот беше потврдена бугарската национална позиција, дека одржувањето на добрососедски односи и добивањето на неопходните гаранции во рамките на процесот на проширвање за исполнување на Договорот за добрососедство меѓу двете земји од 2017 година, остануваат главен приоритет на Бугарија, соопшти бугарското МНР.

Премиерот Зоран Заев завчера за МИА изјави дека смета оти има доволно време да се постигне напредок на релација Скопје-Софија, но дека не сака да ги зголемува очекувањата на граѓаните, бидејќи Бугарија и натаму располага со право за вето во Советот на ЕУ.

Германската амбасадорка Анке Холштајн исто така потврди дека португалското претседателство во моментов работи на конкретен предлог, односно на една рамка со која би требало да дојде до согласност и нивната цел е до јуни да се дојде до усогласување.

-Не знаеме како конкретно изгледа овој предлог. Тој се ориентира на преговорите кои минатата година се одржуваа во Берлин, но од друга страна за Бугарија целото тоа прашање особено сега со техничка влада е многу тешко, изјави Холштајн.

Таа нагласи дека не очекува да им предизвика проблеми на колегите во Софија по вчерашната изјава, во која рече дека 26 земји членки се држат како заложници од некои мали национални интереси на една земја која прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан.

-Тоа што хрватската амбасадорка била повикана на разговор во Софија сигурно се однесува на изјавата на хрватскиот претседател во Брдо. Се надевам дека јас нема да им направам проблеми на моите колеги во Софија, бидејќи никогаш не го употребив зборот Бугарија, рече Холштајн.

Во меѓувреме со свој коментар излезе и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој рече дека Северна Македонија ги исполни сите демократски услови за почеток на пристапните преговори со ЕУ, но се прејде во навика таа земја „да се шутира“ кога и да му одговара тоа некому. Тој тоа го изјави откако официјална Софија ги осуди неговите изјави за бугарската политика кон европската интеграција на земјава.

Хрватската амбасадорка во Софија, Јасна Огњановац вчера е повикана на разговор во бугарското МНР поради изјавата на претседателот Милановиќ во која ја критикуваше „бугарската политика кон европската интеграција на Северна Македонија“.

-Тоа не е во ред. Таа држава, а и тој народ, досега платија доста висока цена. Тие играат по правилата и се за пример. Ги исполнија сите демократски услови што човек може да ги замисли, а тоа се повеќенационални заедници во кои има многу Албанци и таа соработка е за пример, рече Милановиќ во одговор на новинарско прашање.

Дека ЕУ треба да ги вреднува достигнувањата на земјава беше констатирано и на вчерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри.

-Продолжуваме со реформите дома, со силна посветеност кон функционална правна држава. Во однос на разговорите со нашиот сосед, Бугарија, продолжуваме со конструктивноста во разговорите. Тоа што го соопштивме и во Брисел е дека прифаќаме да разговараме за сѐ освен за тоа кои сме, порача Заев.
Премиерот вчера во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека „кабаетлукот“ на ЕУ е недвојбен, јасно е, постои и голем е и се градат стратегии како конечно Европа да го врати својот кредибилитет овде. Тој изрази оптимизам дека во наредниот период во разговорите на челниците на Португалија која претседава со Унијата и еврокомесарот за проширување Вархеји со двете страни, нашата и на Бугарија, ќе се направат чекори и ќе се оствари Првата меѓувладина  конференција кон крајот на јуни.

Како новина го истакна португалското претседателство, кое, како што кажа, разработува цела  стратегија со која што ќе настапи пред Софија и пред Скопје и верува дека до крајот на оваа недела, тоа ќе се случи.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025
Фото: ФБ/Кире Михаилов

Кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk