Фудбалерите на Атлетико Мадрид по седум години се шампиони на Шпанија! Во последното коло од Ла Лига, „јорганџиите“ по пресвртот како гости на стадионот „Хозе Сорила“ го совладаа Ваљадолид со 2: 1 (0: 1) и со тоа го оставија зад себе градскиот ривал Реал.
Пред последниот натпревар, Реал Мадрид имаше шанса да ја одбрани титулата, но само во случај да го победи Виљареал, а Атлетико не го победи Ваљадолид на гости. Реал славеше, но тоа не беше доволно за избраниците на Зинедин Зидан да стигнат до титулата шампион.
Ова е 11-та титула во историјата на Атлетико, и втора откако тренерот Диего Симеоне е на чело на клубот.
По завршувањето на седумте натпревари кои се одиграа од 18 часот, познато е и дека Еибар, Ваљадолиди Хуеска ќе бидат елиминирани од лигата.
Веќе е познато дека Атлетико, Реал, Барселона и Севилја ќе одат во Лигата на шампионите, додека Реал Сосиедад и Бетис ќе одат во Лига Европа, откако направија неверојатен пресврт против Селта.