ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовирана онлајн платформа за продажба на домашни земјоделски производи

May 22, 2021 13:53
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За поефикасно мапирање и овозможување на продажба од далечина на домашните земјоделските производи од нашата земја, Националната федерација на фармери (НФФ), во рамките на проектот „Поддршка за онлајн продажба на земјоделците и јакнење на гласот на жените од руралните средини“, ја изработи интернет платформата www.efarm.mk.

Таа, како што посочуваат од НФФ, содржи информации за земјоделски производители и нивните производи, автентични фотографии од истите, како и контакти од самите земјоделци, за сите оние домашни и странски потенцијални купувачи и други заинтересирани лица, да можат на едно место да најдат се што им е потребно . Платформата е на македонски јазик и во јуни ќе биде достапна и на англиски и албански јазик.

– Платформата е продолжение на кампањата на Националната федерација на фармери „Купувајте домашни земјоделски производи“. Домашното производство треба да си го зачуваме и да ја зголеми неговата продажба. Во моментот на платформата има 100 земјоделци кои ги промовираат своите производи и кои се квалитетни и одгледувани во еколошки здрава средина. Сега со само еден клик сте веќе на местото кое го барате, стапувате во контакт со земјоделецот и за кусо време или лично си ги купувате или ви ги испраќаат преку превоз до дома. На домашното земјоделско производство може најмногу да му се верува, потенцира Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.

Платформата е дел од проектот „Поддршка на земјоделците за онлајн продажба и јакнење на гласот на жените од руралните средини“ поддржан од проектот „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во рурални подрачја на Југоисточна Европа (SEDRA)“ финансиран од BMZ и имплементиран од GIZ и SWG RRD. Проектот е составен е од две компоненти: развој и промоција на капацитетите поврзани со онлајн промоција и продажба на агро-прехранбени производи преку платформата, како и развој на женското лидерство и претприемништво во руралните средини.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ на „Регионална агенда 2020-2030“: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ ќе ги отфрли сите нон-пејпери

НАЈНОВО

Савка Тодоровска го поддржа Горан Герасимовски: Да дадеме можност на добрите и квалитетните, тој овозможи бесплатна правна, психолошка и социјална поддршка

October 16, 2025

„Сцена за сечиј сон“ – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје

October 16, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на луѓето град по мерка на човекот, не на автомобилите

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk