ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев го честита Нациналниот ден на Власите: Влашката заедница секогаш била силен и темелен елемент во сите етапи на македонската државност

May 23, 2021 10:36
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев на припадниците на влашката заедница им го честиташе Националниот ден на Власите.

„Во мое лично име и во име на Владата, на сите припадници на влашката заедница им го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите.

Одбележувањето на овој празник е можност да искажеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.

Со Националниот ден на Власите оддаваме чест на исклучително значајниот придонес на влашката заедница во нашата заедничка историја, во општествениот и културен развој на Република Северна Македонија.

Влашката заедница секогаш била силен и темелен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност, во сите етапи на македонската државност.

Власите споделувајќи ги овие вредности за вистина и праведност, учествуваа и имаат истакнато место во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во сите премрежија и се нераскинлив дел на нашето вековно заедничко живеење.

Посебно место имаат Власите и во поновата, современа историја на нашата земја. Истакнато место, учество и влијание имаат во стопанството, во финансискиот сектор, во високото образование како универзитетски професори и академици.

Како достојни продолжувачи на делото на вашите славни предци, би сакал да се заблагодарам за вашиот несебичен придонес во градењето на заедништвото и низ толеранција, доверба и почитувањето да ја продолжиме изградбата на „Едно општество за сите“.

Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите!“, истакна Заев во честитката.

 

Next Post

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 7 пациенти

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk