ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев за влашката редакција на Националниот сервис: Да го негуваме заедништвото, почитувајќи ги различностите

May 23, 2021 19:16
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Го честитам Националниот ден на Власите, заедно да го славиме и да му се радуваме сите. Сакам да испратам порака, пред сѐ до младите Власи, да се борат за својата заедница, да бараат место под просторот на ова наше заедничко сонце, да бидат сѐ повидливи затоа што еве како реагира еден Македонец, ја слушам убавината на јазикот, на традицијата на сѐ што имаме. Посакувам да бидат поголеми борци од нивните родители, за сочувување на ова богатство што го имаме, на сите им посакувам здравје, благосостојба семејна хармонија, да имаат сериозни економски перспективи, поголем економски стандард да бидат уште повеќе дел од институциите на системот во кој вградуваме, порача премиерот Зоран Заев во интервју за влашката редакција на Националниот сервис, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

Заев, заблагодарувајќи се на поканата и изразувајќи задоволство како прв премиер на Северна Македонија да биде гостин во емисијата на влашки јазик, која се емитува на Националниот ден на Власите, подвлече дека нашата земја е многу богата токму поради различностите, културите, различните јазици и тоа треба постојано да се негува и надоградува.

– Мило ми е што влашката заедница е во Уставот, мило ми е што го славиме и почитуваме Националниот ден и што секој ден гледаме како да го надоградиме нашето културно историско, јазично и етничко богатство, коешто го имаме. И зборувајќи по европските институции јас се гордеам со тоа. Ние сме Европа во мало со сите наши различности, додаде Заев истакнувајќи дека влашката заедница во нашата земја е почитувана заедница и нејзините припадници се големи почитувачи и одговорни луѓе на нашата заедничка татковина.

Одговарајќи на прашање, Заев оцени дека благодарение на соработката со партиски претставници на влашката заедница, како и невладините организации и истакнатите општествени работници припадници на таа заедница, со кои се споделуваат заеднички вредности, демократијата, слободата и еднаквоста, се креираше, и денес успешно живее концептот „Едно општество за сите“.

– Убавината е во единството, сплотеноста, колку и да сме различни по својата етничка припадност по својот јазик или по своите културолошки и културни традиции кои ги имаме. За мене е многу значајно, што влашката заедница одигра сериозна улога во сите државнички процеси, кои непосредно пред неколку години ни се случија. Влашката заедница беше една од најактивните која излезе на Референдумот и јасно кажа дека сака европски вредности, да одиме напред како држава, стабилна и безбедна Северна Македонија, која ќе биде членка на НАТО, рече Заев во интервју за емисијата на влашки јазик на НРТВ.

Next Post

Драматично последно коло во Франција, Лил со победа ќе ја прекине доминацијата на ПСЖ

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk