ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Д-р Петличковски: Вакцинираните можат да се заразат, но гарантирано болеста нема да има сериозен тек

May 25, 2021 20:10
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со прележување на болест се создаваат повеќе различни видови на антитела. Најголем дел од вакцините предизвикуваат создавање на само еден тип на антитела, за кои е докажано дека се исклучително ефикасни во справување со вирусот. Еднаш создадени по вакцинирање или прележување на болест, антителата не се разликуваат, вели во разговор за „Локално“, директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, др.Александар Петличковски.

 

Тој вели дека интересот за проверка на антителата во Институтот е се уште голем иако пред извесно време оваа институција започна да го наплаќа овој вид на тест.

Според имунологот престојувањето во затворен простор е се уште значаен ризик за заразување.Тој вели дека се уште е рано да се дозволи седење и јадење на поголема група на иста маса во угостителските објекти..

Сметам дека носењето маски на отворено не е многу популарна мерка од самиот почеток и мислам дека реално, не влијае многу на ширењето на вирусот, вели Петличковски додавајќи дека очекувам наскоро оваа мерка  да биде укината.

 

Луѓето кои имаат прележано ковид 19 постигнуваат подобар имунитет

 

Луѓето кои имаат прележано болест и добијат една доза на вакцина, постигнуваат дури и подобар имунитет од луѓето кои немаат прележано болест, а ќе се вакцинираат со две дози на вакцина. По вакцина, можно е човек да се зарази, но гарантирано е дека неговата болест нема да има сериозен тек, вели иминологот.

 

Според него следната година ќе покаже дали ќе има потреба  вакцината против ковид 19 да стане сезонска, но неговите претпоставки говорат дека според досегашниот тек на вакцинација и ширење на вирусот ќе има големи шанси за такво нешто.

 

На прашањето што доколку некој се соочи со здравствен проблем по првата примена доза,  дали  тоа лице ќе треба да го одложи примањето на втората доза и ако прима терапија, Петличковски напоменува дека втората доза од вакцината не би требало да се прими доколку лицесто има сериозен проблем, односно тешка алергиска реакција, состојба што бара лекарска интервенција и надзор.

 

Помладите ако останат неимунизирани ќе продолжи ширењето на вирусот

 

-Вакцините кои се во оптек се исклучително безбедни и ефикасни вакцини. Не постои научно издржан механизам според кој модерните вакцини би можеле да предизвикаат стерилитет, или каква било сериозна компликација по здравјето години по примањето. Факт е дека помладите од 18 години, многу ретко може сериозно да се разболат, но размислувањето за нивна вакцинација потекнува од сознанието дека тие може да ја пренесуваат болеста и доколку оваа група остане неимунизирана, теоретски може да се продолжи одржувањето на пандемијата. Од тој аспект, сметам дека е добро и деца да бидат вклучени во процесот на имунизација, објаснува докторот.

 

Во однос на примањето на две различни вакцини против ковид 19, Петличковски смета дека  не би требало да се појави некој сериозен проблем по мешање на дози од различни вакцини.

 

Одлуката за вакцинација треба да биде доброволна

 

Сметам дека има простор за поагресивна кампања, бидејќи секојдневно се соочуваме со многу неодговорени прашања, за кои има навистина јасни одговори. Исто така, сметам дека одлуката за вакцинација треба да биде доброволна и базирана на достапни и проверливи факти. Мислам дека долгорочно, паричната награда не е најдобро ниту одржливо решение, вели првиот човек на Институтот за имунобиологија.

 

Според Петличковски можеби нема да постигнеме колективен имунитет, но се надева дека наскоро ќе може да се постигне нормализација на состојбата.

 

извор: слободенпечат.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Супермесечина и Помрачување на месечината во ист ден!

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk