ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковид-19 кризата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош

May 25, 2021 10:48
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Губење на работното место, пад на месечните приходи, зависност од државна помош, отежнат пристап до здравствени услуги се само дел од низата последици со кои се соочија голем број жени во државата, во првите шест месеци од пандемијата со Ковид-19, покажува истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ. Со тоа што бројот на жени што имале потреба од помош од страна на државата за време на пандемијата е за сто проценти зголемен во однос на оној пред нејзиниот почеток.

Просечната плата на жените во периодот јануари – август 2020 година е намалена за 338 денари, но кај осум отсто од жените падот надминува 8.000 денари. Пандемијата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош, а бројот на домаќинства кои гладуваат пораснал од три на седум отсто.

Според истражувањето, кризата предизвикана од пандемијата, покрај намалувањето на бројот на вработени жени и намалувањето на заработувачката на жените, доведе и до сериозно нарушување или промена на статусот на вработување на жените, односно видот на договорот за вработување, со тоа што најголемо негативно влијание пандемијата имала кај жените што биле вработени на договор на определено време, на договор на дело или пак кај жените вработени за сопствена сметка

Намалување на бројот на вработени жени по пет месеци од почетокот на пандемијата се бележи
помеѓу жените вработени во акционерските друштва во државна сопственост, угостителството,
конфекцијата и самовработените жени. За време на пандемијата евидентно е зголемувањето на
бројот на вработени жени само во секторот фармација.

Уште еден загрижувачки аспект кој што го потенцира истражувањето е дека пандемијата го отежна пристапот до услуги во јавното здравство со што е увидено дека секоја трета жена која имала потреба од здравствена заштита, неповрзана со Ковид-19, не добила соодветни услуги во јавните здравствени установи. Од нив, 63 отсто не можеле да стигнат до преглед кај специјалист, а 12 отсто биле оневозможени да направат хируршка интервенција. Како последица на тоа, на 20 отсто од овие жени им се влошила здравствената состојба.

Истражувањето има посебен осврт на жените од ромската заедница. Месечните приходи на жените Ромки во првите шест месеци од пандемијата во просек се намалиле за 1.637 денари што е за пет пати повеќе од националниот просек. Секоја трета Ромка користела државна помош, а за четири пати се зголемил бројот на оние кои не можеле да се прехранат.

Во однос на здравствената заштита, главен проблем со кој се соочиле Ромките, кои имале здравствен проблем неповрзан со Ковид-19, била неможноста да добијат преглед од матичен лекар. Дури 73 отсто од нив се од Шуто Оризари поради недостигот на матични лекари во општината.

Истражувањето насловено како „Влијанието на кризата предизвикана од КОВИД-19 врз жените и жените Ромки од Република Северна Македонија“ е изработено од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените -ЕСЕ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk