ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Меморандум за соработка меѓу ФИТР и УНИ банка – полесно финансирање за стартапите

May 25, 2021 12:16
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој и УНИБанка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со кој се отвораат нови можности за финансирање и олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни претпријатија. Најголем дел од поволностите,како што наведуваат во соопштението од ФИТР, и овој пат ќе бидат обезбедени за старт-ап компании.

Од соработката,  бенефит ќе имаат компаниите-апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои банката би обезбедила дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни услови од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.

–Истражувањето кое го објавивме минатата недела покажа дека над 70 отсто од стартап компаниите во државата, во фазата на развој на бизнисот имаат потреба од дополнителни финансиски средства и токму тогаш најголема поддршка добиваат од страна на Фондот за иновации и технолошки и развој. Во Серверна Македонија имаме стартапи со светски идеи и услуги и токму тоа е главниот мотив кој не движи да работиме со полна пареа за да им обезбедиме олеснувања при реализирање на бизнис плановите и пласман на глобалните пазари. На мое огромно задоволство УНИБанка станува четврта банка партнер на ФИТР која верува во домашните иноватори а наскоро ќе ни се придружи и уште една голема банка.“ изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Пакетот „УНИ Иновација” вклучува 6 месеци без надомест електронско банкарство со уникатни бизнис Е-пакети, наменска сметка  без надомест за одржување за првите шест месеци, услуга „Мој Банкар” без надомест, како и маркетинг поддршка преку канали на банката. Имено, за сите корисници преку овој пакет, ќе бидат обезбедени бесплатни промотивни активности.

Во однос на кредитната поддршка, како што појаснуваат, компаниите би добиле поволности преку инвестицискиот кредит „БИЗНИС 12-ка”, со флексибилна отплата до 12 години, грејс период  до 12 месеци и со повластени каматни стапки. Компаниите исто така можат да аплицираат за дозволено пречекорување overdraft во износ до 10 отсто од годишните приливи со поволни услови. Предност при користење на овие поволности ќе имаат компаниите кои доаѓаат од индустриите фармација и медицина, ИТ и телекомуникации, храна и обновливи извори на енергија.

–Обострано е задоволството од потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу ФИТР и УНИ Банка. Убедени сме дека микро, малите и средните компании се тие кои ќе имаат значителен бенефит од оваа соработка. Со долгогодишно искуство, профилирани како Банка на клиентот, точно ги препознаваме потребите на компаниите, фазите на развој, инвестициските циклуси, финансиските потреби и севкупните предизвици со кои тие се соочуваат. За таа цел, во соработка со ФИТР, за дополнителна поддршка на компаниите, го промовираме пакетот УНИ ИНОВАЦИЈА, изјави Виктор Филиповски, директор на Дирекција корпоративно банкарство во УНИБанка.

Филиповски додаде дека во пакетот би ја издвоиле услугата МОЈ БАНКАР, каде назначуваат Личен банкар за секоја од овие компании, кој ќе овозможи професионално финансиско советување без надомест и непосредно водење низ целиот процес  за успешна реализација на инвестицијата.

Дополнително, за компаниите иноватори, преку електронското банкарство, банката ќе овозможи повеќекратна заштеда, при извршување на редовните банкарски трансакции.

Кредитната поддршка на компаниите иноватори, ќе биде со флексибилни услови, согласно специфичностите на проектот и карактеристиките на бизнисот на самата компанија. Во таа насока, во пакетот е вклучен долгорочниот и флексибилен кредитен продукт БИЗНИС 12-ка како и оведрафтот за поддршка на тековната ликвидност на компаниите.

Во наредниот период, најавуваат,УНИБанка во соработка со ФИТР ќе организира едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании од страна на банката и ФИТР, зголемување на финансиската писменост, со цел олеснување на пристап кон финансиските средства, олеснет бизнис развој и комерцијализација на иновации.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Трамп сака драстично да го намали финансирањето на САД за истраги за воени злосторства

June 27, 2025

Дизелот поевтинува за 2,5 денари

June 27, 2025

Додик: Комеморацијата во Поточари не ја организираат властите во БиХ, туку муслиманската страна, нема да одиме таму додека не се реши обидот за убиство на Вучиќ

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk