ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Забрчанец пред ООН: Преку транспарентност и брзо информирање се спротивставуваме на дезинформаторите

May 25, 2021 14:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец

Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец, вчера вечер преку видео обраќање учествуваше на Тематската дебата на високо ниво на Обединетите нации, за дигитална соработка и поврзување.

„Да се лаже е срамно. Да се разоткрива лагата е храбро.

Дезинформациите денес се најголемиот поткопувач на демократските и на реформските процеси во светот.

Пара-вестите имаат цел да ги поткопаат владеењето на правото, политичката стабилност, да создаваат омраза меѓу луѓето и народите, да корумпираат и да влијаат врз новинарите и да ја намалуваат довербата во владите.

Тоа е оружје во рацете за регресивните сили и пропагаторите на хомофобија, на антиваксерство, на национализам и на секакви други форми на радикализам. Од политички до верски и идеолошки.

Ја претставувам Северна Македонија, земјата која во 2018 година надмина 3-децениски проблем со соседот Грција и постигна договор за нашето уставно име, што беше услов за наше зачленување во НАТО и за придвижување напред кон членство во Европската Унија.

За време на спроведување на референдумот  на кој граѓаните се изјаснуваа дали се ЗА решение со Грција и со тоа ЗА натамошно членство на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, нашата земја беше изложена на силна кампања со дезинформации и манипулации.

Се појавија нови сомнителни веб портали, се појавија страници на социјалните медиуми, мистериозни лајкови и шерови во огромен квантитет, постови кои шират омраза, оркестрирани анонимни ставови, фото манипулации – сите тие имаа цел да влијаат врз нашиот народ за да се отстапи од нашата национална стратешката определба, а тоа е членство во НАТО и во Европската унија. Се спротивставивме со транспарентност и со брза комуникација со јавноста и со граѓаните. Не им дозволивме да нè оттргнат од стратешкиот правец на оние кои што создаваа дезинформации од мистериозни комуникациски центри.

Во нашето горко искуство со дезинформациите имаме случај и на хибриден напад од страна на странски пранкери, кои преку наше конзуларно претставништво, преку фиктивен, но навидум реален вебсајт и домејн, успеаја да закажат и да реализираат телефонски разговор со нашиот премиер, премиерот на Северна Македонија, и тоа преку злоупотреба, замислете, на идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг.

Ние веднаш го обелоденивме овој случај пред јавноста и пред семејството на Тунберг и со тоа ги пресретнавме нивните намери. Аудиото од тој манипулативен телефонски повик беше објавено неколку месеци подоцна, во очи на парламентарните избори со цел директно да се влијае врз волјата на гласачите и врз исходот од изборите.

Манипулацијата не им успеа бидејќи објавата на аудиото не беше голема вест, односно беше стара лажна вест која ние претходно сами ја објавивме и разоткривме. Овој пример само покажува дека дезинформациите имаат цел да влијаат дури и врз изборни резултати, односно врз тоа која политичка структура ќе ја води државата.

На истите овие пранкери Vovan и Lexus, неколку месеци подоцна жртва им беше и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Да се биде излажан од пранкери кои го крадат идентитетот на Грета Тунберг не е срамно. Но да се зборува за тоа јавно и глобално е и храброст и неопходност. Затоа треба да бидеме будни и справувањето со дезинформациите да го прифатиме како секојдневие. Тоа бара храброст, соработка и сојузништво.

Постојано да ги изложуваме пред јавноста лажните информации и тие што ги продуцираат. Постојано да споделуваме искуства, успешни и неуспешни, од справувањето со дезинформаторите. Нека се срамат дезинформаторите, а ние да соработуваме и повеќе и посилно за што поскоро, тие да потонат во срамот.

Да се обединиме и силно да им се спротивставиме!

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

July 17, 2025

Со околу 14 милијарди денари ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините, потпишани договорите од вториот повик

July 17, 2025

Алиу на средба со претставници на Светска банка: Имплементираме политики базирани на потребите на лицата со попреченост

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk