ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири: Именувањето на политичари на високи раководни места доведува и до политички влијанија во постапките за вработување

May 26, 2021 15:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Именувањето на политичари на високо раководни места понатаму доведува и до политички влијание во постапките за вработување со тоа што оваа постапка развива незадоволство. Затоа, со професионализацијата на менаџерските позиции ќе се оневозможи пренесување на политички влијанија од функционерите на администрацијата и останатите вработени во јавниот сектор, изјави  министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, на денешната презентацијата на Извештајот од мониторингот на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор.

– Фокусот треба да биде ставен на детектирање на можна злоупотреба на службена, политичка или друга положба заради помагање на членови на семејството, роднини, пријатели, соработници и други познаници заради остварување на корист или стекнување со положба или нивно поставување на влијателни функции без оглед на нивните компетенции, класификации и со занемарување на поставените критериуми, посочи Шаќири.

Дополни дека МИОА направила преглед на добиените препораки на Извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор во посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам.

Соогласно извештајот, во периодот од јануари до март 2021 година, согласно методологијата, спроведен е мониторинг над спроведување на препораките. Мониторингот покажува дека од вкупниот број на препораки, вкупно 40,57% се спроведени делумно, додека 43% не се спроведени.

Највисоко ниво на почеток на спроведување е застапено во првата група која се однесува на Препораки за постапки на пополнување на работни места, преку постапка на вработување, постапка за унапредување и мобилност на вработените во јавниот сектор каде што 71% од препораките се делумно спроведени, 29% не спроведени.

Во втората и третата група кои се однесуваат на стручност и компетентност на кадрите во јавната администрација и препораки за избор и именување на Директори и членови на управни и надзорни одброи делумно започнало спроведувањето на половина од препораките. Додека, во четвртата група која се однесува на контролните механизми има делумна спроведеност од 31 процент и неспроведеност од  69 проценти.

Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“ спроведен од страна на Транспаренси Интернешнал.

– Проблемот со дискреционите овластувања во постапките за вработувања на работните места и влијанијата кои што се нотирани во оваа област претставуваат најголем проблем со кој што се загрозува довербата во државните институци, кажа Слаѓана Тасева, претседателката на Транспаренси интернешнал – Македонија, на денешната презентација на извештајот.

Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, истакна дека координираноста на институциите во однос на обезбедување на податоците сè уште не е на соодветно ниво, националната платформа за интероперабилност, во која што се вклучени 32 институции, не се користи ефикасно.

– Од анализата на податоците се забележува некое зголемување на активнстите и мерките кои што ги преземаат институциите во однос на спроведување на препораките, конкретно во вториот квартал на мониторинг иако процентуалниот износ покажува многу ниско ниво на разлика во однос на исполнување на препораките во првиот квартал, образложи Ивановска

Дополни дека во иднина треба да бидеме внимателни и кон делумно спроведените препораки бидејќи, како што кажа, тие се добра алатка да се замати дека „нешто се прави“, а ефектите ќе ги почекаме.

Генeралната оценка на Извештајот е дека постои зголемено ниво на преземени активности и мерки од страна на институциите, но, сепак постои ниско ниво на целосно спроведување на препораките.

Извештајот од мониторингот на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор е финансиски поддржан од УСАИД во рамките на Проектот за граѓанско учество

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шахпаска : Изградбата на две нови детски градинки во Општина Струмица е потврда за плодната соработка меѓу министерството и општината

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk