Прво е многу несериозно да се откажете од договор, кој веќе е почнат да се реализира и има уште многу што да се направи. Кој ќе прави нов договор? Дали може самиот да постигне договор, зашто прашање е дали тоа ќе го сака и другата страна.
Нашиот народ може само да гледа, слуша и да цени за тоа што се кажува. За некои договори да се направат се потребни 30 години. Најлесно е нешто да се поништи и да се погази, а тешко е да се постигне нешто и да се изгради, со што ќе се отвори перспектива за младите. Треба да се покаже сериозност. Ние добивме блокада, но не се откажавме од реформите. Најлесно е ништо да не правите- вели премиерот Зоран Заев, во интервју за неделникот Фокус, одговарајќи на прашање поврзано со предлогот на Христијан Мицкоски, Северна Македонија едностарано да го напушти договорот со Бугарија.