Министерката Мила Царовска во интервју за Сител рече дека Министерството за образование и наука ќе обезбеди 10.000 таблети за четвртоодделнците кои од септември ќе почнат да ги применуваат најавените дигитални учебници.
-Тоа значи за половината. Зошто? Зашто ова не е процес во оваа година и кој ќе заврши. Дури и да има повеќе од првиот период, за петто одделение со време ќе стигнe, за шесто одделние ќе стигне. И тоа е осовременување на образовниот систем. Дури и од поголемите одделенија можат да изнајмат таблети од библиотеките, вели Царовска.
Министерката за образование и наука вели дека учебниците нема да бараат посебни перформанси на технолошките уреди. Според неа, децата кои во моментот не користат технолошки уреди уназадуваат зад оние кои користат.
-Сите оние коишто не можат да си дозволат, за првпат, Законот гарантира дека државата или општина ќе им го обезбеди истото. Сега во моментот, ученикот кој нема дигитален уред и има само книга, и далеку повеќе уназадува од ученикот кој има и таблет и книга и други можности за информирање. Токму затоа, со овој Закон ги изедначуваме правата на децата коишто досега немале можност да се сретнат со дигитални алатки и дигитална мултимедијална содржина, вели Царовска.
Царовска уверува дека со новиот Закон децата ќе имаат многу поголема интеракција со наставникот, а учебникот може да биде презентиран на часот, но нема да постојано да се гледа во таблети.
Извор: Пресс 24