ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Косово го укина полицискиот час и го продолжи работното време на угостителите

May 28, 2021 20:57
in ДЕНЕС, РЕГИОН
frontonline.net

frontonline.net

Share on FacebookShare on Twitter

По видното намалување на бројот на заразени и починати од Ковид-19, Владата на Косово денеска одлучи да го укине полицискиот час, односно забраната за движење на граѓаните од 23 до пет часот, која беше во сила досега, како и да го продолжи работното време на угостителските објекти за еден час, односно до 23 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница на Владата на Албин Куртибеше прифатен предлогот на министерот за здравство Арбен Витиа за олеснување на мерките за заштита од ширењето на пандемијата на Ковид-19.

Покрај споменатите олеснувања во однос на движењето на граѓаните и работата на уостителите, со владината одлука се дозволува и движењето на граѓаните на отворено без заштитни маски, доколку не се во друштво на други лица, односно се движат сами.

– Според извештајот на Институтот за јавно здравство на Косово, епидемиолошката ситуација во Косово се прикажува како стабилна, со продолжување на падот на позитивни случаи. Главни мерки се следните: Се укинува ограничувањето на движењето, меѓутоа од полноќ до 5 часот не се дозволува собирање на лица во внатрешни и надворешни амбиенти; се продолжува работното време на угостителството до 23 часот; се укинува обврската за носење маски на граѓаните додека се движат сами во надворешни амбиенти, информира Витиа.

Во Косово последните денови е забележан значителен пад на бројот на заболени и починати од Ковид-19. Од, во просек, по три илјади извршени тестирања дневно, последнава седмица заразени од коронавирусот резултираат меѓу десетина до најмногу 45 заразени (18 во последните 24 часа), а значетелно е намален и  бројот на смртни случаи како последица на пандемијата – двајца починати во последните пет дена, ниеден минатото деноноќие. Бројката на активно заболени од Ковид-19 во земјата, според последниот дневен извештај на надлежните здравствени власти, моментно изнесува 2.593. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во неколку скопски населби се појавија лисици, „Анима мунди“ апелираат: Не се опасни и не напаѓаат луѓе

June 17, 2025

Иранска гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

June 17, 2025

Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари во форма на донации земале од осомничените за „Пулс“?

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk