Идејата за намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5 проценти, која што се дискутира и анализира веќе цела година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изминативе денови се обидува да ја протурка како своја.
Ваквиот предлог за намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5 проценти го даде РКЕ уште во јули минатата година, а премиерот Зоран Заев кажа дека секој ваков предлог кој е во корист на граѓаните е прифатлив за Владата.
Тој сепак остави простор за анализа, со цел да се видат економските параметри од ваквата мерка, особено во време на пандемија.
„Секако е вредно за разгледување, но ние мораме да водиме грижа каков тоа импакт ќе има на севкупното обезбедување на доволни ресурси за економијата“ кажа Заев.
Евентуалното намалување на ДДВ на електрична енергија ќе значи 28 до 29 милиони евра помалку во Буџетот на Република Северна Македонија, велат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика.
Сепак, без никакво гледање на анализите и пресметките, Мицкоски, во чие директорувње со ЕСМ, цената на електричната енергија се покачи за 100 проценти, се обидува да ја протурка оваа идеја како своја.
Д. Е.