За трајно решавање на проблемот со управувањето на отпадот во земјава, премиерот Зоран Заев денеска информираше дека би следела нова предложена инвестиција „енергија од отпад“, за која владата веќе 7-8 месеци преговара со инвеститор од Луксембург. Станува збор за погон во кој би се вложиле 336 милиони евра, кој би работел со плазма за согорување, односно безкислородно согорување на отпадот на високи температури. Премиерот тврди дека ваквата инвестиција е во затворен систем, односно погон без оџак, во форма на строго еколошка инвестиција.
Во следните десеттина дена ќе ги знаеме деталите за ребалансот на Буџетот. Во овој период Министерството за финансии треба да финишира со разговорите со сите институции со цел во јуни или првата половина на јули ребалансот да влезе во собраниска процедура, најави денеска премиерот Зоран Заев.
Најцрните точки на брегот на Охридското езеро се реката Сатеска, блатото во Подмолје и струшкото село Радожда. „Ние прво треба да си го исчистиме дворот, УНЕСКО многу не се секира. Си има правила и прописи ако не ги задоволуваш те брише од листата. Тука нема пардон. Не може да градите на крајбрежјето на Охридското езеро, каде со закон е одредено 50 метра “, вели професор д-р Здравко Крстанооски, пензиониран директор на Хидробиолошкиот институт Охрид.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го одложи редовното коло од плејофот што требаше да се игра вечерва поради трагичната смрт на голманот на прволигашот Охрид, Никола Даниловски. Одложените натпреварите во рамки на 13. коло ќе се играат во терминот од 19 часот во понеделник.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати честитка до Македонскиот полициски синдикат, по повод денот на основањето 29 мај, на како што наведува, првиот синдикат во историјата на македонскиот синдикализам. Низ овие 29 години покажавте дека трудот на полициските службеници може да се организира, синдикалната организација може да обедини, а вработените да ги консолидираат своите сили.
M. Миткоска