ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Крушево очекува туристичко лето со странски посетители и меѓународни првенства

May 30, 2021 13:35
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Туристичко и историско Крушево реално очекува летово да има туристи и посетители од земајва и од странство. Деновиве е потврдено дека ќе се одржи Светското првенство во змејарство во јули и уште два меѓународини купа во август.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски странските гости и вљубеници во алтернативниот туризам веќе се најавени.

-Во тек се подготовките за одржувањето на светското првенство во змејарство кое ќе се одржи од 17 до 31 јули. Во контакт сме со светската параглајдерска федерација и деновиве не известија дека Светското првенство во змејарство ќе се одржи годинава. Има уште два меѓународни натпревари – Холандското првенство и Озон опен-првенството кои ќе се одржат во август.  Веќе се отворени аранжманите. Досега се пријавуваа наши, домашни туристи, меѓутоа, со пријавувањето на меѓународните натпревари и со генералната имунизација на светско ниво, почнаа да се пријавуваат и странци. Во моментов се пријавени гости од Полска, па од Русија, Украина, од Норвешка, вели Христоски.

Крушево останува на светската мапа за одржување меѓународни настани, а секако и на национални.  За збогатување на содржините, веќе се гради контролна кула за светските параглајдеристи кај полетувалиштето на Мечкин камен.

-Во моментов градиме контролна кула на самото полетувалиште на Мечкин Камен за непречено, нормално и безбедно одвивање на меѓунарондите натпреварувања. Во склопот на самата Кула ќе има сала за состаноци и доколку се лоши временските услови учесниците да се сместат, вели Христоски.

Крушевските угостители нестрпливо ги очекуваат гостите и крушевското лето да заживее. Градот располага со околу 1000 легла. Како што објаснува Жан Здравески-Шапе, познат угостител од Крушево, имаат некоја помош од државата, но главно е пристигнувањето на гостите и враќањето во „нормала“ кога станува збор за посетителите и туристите.

-Во секој случај, со почетокот на вакцинацијата, се надеваме дека ќе има повеќе гости. Меѓу нив се чувствува слободата од вирусот и би требало да има некое придвижување. Нашите домашни гости полека почнуваат да придвижуваат. Очекуваме и натпревари во параглајдерство и змејарство. Ќе се чувствува тоа придвижување. Имаме најава за Светското првенство во змејарство, треба да има летачи во параглајдинг. Се најавува и се надеваме на реализација. Како угостителски сектор ни треба малку да се олабават мерките за да можеме послободно да функционираме и да работиме. Помошта која ја пушта државата е ситна, но, сепак, нешто се задоволува, покрива некој расход, вели Здравески.

Крушево последниве години, е раздвижено. Се менуваат и се обновуваат содржините и се обновува инфраструктурно што е битно за гостите кои пренесуваат на идни посетители и интересот за Крушево расте.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Големи се хипотеките на Мицкоски штом мора секој ден да брани криминалци и насилници

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk