ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи ја промовираше МКарта, иницијатива за истакнати нашинци во дијаспората

May 30, 2021 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Нашата цел е да создадеме платформа, да создадеме мрежа на наши видни и успешни личности во дијаспората со што ќе приднесемеодливот на мозоци  да се претвори во циркулација на мозоци, односно да ги вклучиме во нашите општествени текови. Затоа денеска претставувам една иницијатива за создавање на таа мрежа, односно за презентација на проектот МКарта за нашата дијаспора, за видни и успешни личности од дијаспората, како еден вид на признание за нивната улога, меѓутоа и како влезен билет за вклучување во нашите општествени текови, наведе на денешната прес-конференција министерот за надворени работи Бујар Османи.

Тој посочи дека со тоа сакаат тој дел од  дијаспората да го интегрираме во нашето општествено делување и додаде дека таа мрежа ќе ја менаџира Министерството за надворешни работи како еден вид на фокал поинт со којшто ќе се создаде тој пул од наши видни луѓе во дијаспората коишто ќе бидат вклучени во разните работни групи и стратегии, одлуки коишто ги носи државата, меѓутоа и ќе го олесни нивното вклучување.

– Комисија во МНР ќе направи проценка на лицата на коишто ќе им биде даден овој вид на специјална лична карта односно овој влезен билет, врз основа на предлози коишто ќе ги добиеме о нашите дипломатско-конзуларни претставништва, од МНР, меѓутоа и од другите институции на системот коишто располагаат со информации за наши луѓе коишто се успешни во областите во коишто работат како дел од нашата дијаспора. Овој влезен билет, оваа МКарта ќе им овозможи полесно основање на бизниси, поддршка од страна на институциите на системот, финансиска помош за нивни инвестиции овде, рече Османи.

Министерот наведе дека планираат да ги вклучат сите генерации од нашата дијаспора, има, како што рече, и такви кои немаат државјанство, на нив ќе им се олесни нивниот престој и основањето на бизниси овде, меѓутоа ќе имаат и одредени лични привилегии.

– На пример Министерството за култура ни овозможи да имаат слободен и бесплатен пристап до музеите и одредени културни институции, Министерството за образование овозможи да имаат привилегиран третман за користење на образовните институции во државата, исто така ќе имаат приоритет и во комуникацијата во однос на проектите што ги дава Министерството за надворешни работи за помагање дијаспората и тоа се сет на услуги и олеснувања кои ги овозможува овој влезен билет за вклучување во нашите општествени текови, односно оваа МКарта кој што ќе биде дадена од страна на МНР и со ова очекуваме највиталниот дел од нашата дијаспора да биде во функција на општествениот развој на државата преку нивно вклучување преку проектот МКарта, додаде Османи.

Министерот посочи дека проектот пролжува од утре со тоа што нашите дипломатско конзуларни претставништва почнуваат да ги идентификуваат успешните и интегрираните личности од дијаспората коишто ќе бидат дел од оваа жолта книга, од оваа мрежа којашто ја создаваме, а , како што рече, мислам дека ќе има големо значење во нашиот однос кон дијаспората, меѓутоа и во нашиот однос со земјите каде што тие престојуваат.

– Ова се однесува на идентификување на видни личности коишто покажале успех во областите во коишто делуваат, во земјите кадешто живеат и делуваат, а ќе бидат идентификувани од страна на дипломатско-конзуларните претставништва со цел да бидат дел од оваа мрежа, додаде Османи.

извор: МИА

Next Post
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Ако не е Заев, брат му е, ако не е брат му, татко му е...

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk