пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
На Јужна од увек седеле највеќите фудбалски експерти у Скопје. Тие беа најредовни критичари на своите. У нивните коментари увек се наоѓаше слабост у тимот, у организацијата на играта, кај трењерите, кај везните и криљата, кај голманите. Абе наоѓаа маани и кај Будла масерот, демек, види го, дебел, едвај трча со онолкав стомак, док стаса таму кај што легнал нашиов играч тој ќе папса и ќе падне, па Вучидолов треба него да го лечи, не фудбалеров. Тие, бре, увек имале спремна критика за Вардар чак и ондак кога Вардар тепаше на Градски. Јужна од увек ги прибирала овие фудбалскуи „експерти“, кои, од Вардар барава поише и подобро, а уствари се заебаваа со Вардар. Пошто Јужна беше таква ко што беше, мала, скромна, без обележани седишта туку дугачки дрвени решеткасти клупи, свите кои редовно доваѓавме тука да навијаме за Вардар, мање више се знаевме…
Така ги знаевме и овие редовниве критичари на секоја утакмица на Вардар. Дацевски не го бивало, ќелав бил, демек стар, кршлив, а пукаше од младост, Мирко Илиевски е ситен и нема сила да добаци у шеснајстерец од десно крило, Дојчинот е добар ама млад е, бе, и неискусен, му фалат фурни леб за да биде топ, Мето не е лош ама брат му е тапа, Сребров е манекен остај го, со ланче игра, Шатка ќе се сопне од стапалата, Муто егзибициониста со „МОЈА“ наежуе поштована публика, док лоптата му крши греда позади, Диме мастика е пијан и џабе му е. Ондак, Чале не е за трењер бољи беше ко играч, Бобек е пратен шпиун за Партизан, а каобожемски го нашле на пут кај авиончето у Неготино кај му се расипал мерцедесот и го кандисале да го трењира Вардар, а Вишњевац за малку ќе го натераа да заплаче свиркајќи го од Јужна, а чоекот напраи шампионски тим од Вардар и таканатаму. Чим ќе дојдеа Ѕвезда ил Партизан, највеќите критичари на Вардар ем скопјани, скакаа први на гол на гостите, се гушкаа и се радуева, ко ние кога Вардар ќе даеше гол. Пцуевме на глас, се чудевме, све док еден прав Вардарец не им се з’гна да им го покаже путот на друга трибина, таму на Исток со војниците, а сите други го подржаа. Не ги сменива трибините, ама ќутеа ко прдежи у гаќи док го гледаа Вардар. Никад више не изустија нит критика, нит скакаа на голови на гостите…
У тоа време, Вардар беше прогласуван за тим кој највише пути излагал од Прва и се враќал у Прва лига, ама Вардарци увек навијале за Вардар, никад не се заебавале со тимот. Идевме у Лесковац со Дубочица, у Ниш со Раднички, идевме и у Београд со Ѕвезда и Партизан, со ОФК Београд и навијавме за Вардар. Никад бе, не сме плачипичкосуеле кога сме испаднале, а увек сме се радуеле кога се враќавме у прва. Прави Вардарци, од увек се одликуеле со ваква љубов кон тимот, не со критики од дежурни свезнајковци критичари, а у душа антивардарци…
Зошто ти го кажав ова? Затоа што исто е сеа и со вморониве со државата. Све живо критикуат, ништо не им е по мерка и мерак. Ако Заев е добар ондак брат му не е у реду, ако брат му е у реду, отиден е татко му, ако и децата му се у реду, ондаку, баба му и дедо му забегале, ти текнуе? Абе тие само кобајаги навијаат за Македонија, а сите ставаат кец у кец на Левски, ти текнуе? Е, од таквите лажни патриоти пател и Вардар и сеа пати Македонија. Тие не се решаваат со пенкало, Боки, нит се бришат со гума. Ваквите се шутираат на Криволак, им се обезбедуе дигитална кореспонденција со светско пучанство, од една страна, и лопати и мотики, од друга страна. Пошто нема да се фатат за дигитални опции, барем ќе имаме ќар од лопатите и мотиките и за очекуење е дека Црвени брегови да станат светски познати плантажи за јужно овојшје и маслинки, ќе станат плодни полиња. Тоа е, Боки, слободно пиши вака, нек знае мкд пучанство со што и со какви си има работа и Вардар тогаш и Македонија сега. Нема тука трт мрт, Боки, работава е, дупе или смрт…
п.с. Пишав чичко Ангеле…
Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.