ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026 07:55
in TECH FRONT, ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ФРОНТ
Никола Спасов

Никола Спасов

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НИКОЛА СПАСОВ

На 8 септември 2026 година, Џејкоб Коксон кој работел на обучување на моделите во Антропик и Опен АИ го објави следново на X:

„Денес дадов отказ во Anthropic. Последните три години работев на истражување на претходното обучување на модели и во OpenAI и во Anthropic. Ниту една од двете компании не постапува одговорно. Тие се тркаат директно кон суперинтелигенција способна самата да се унапредува и се коцкаат со нашите животи.“

Во следните 36 часа, објавата собра околу 153 милиони прегледи. За шест дена, Берни Сандерс свика затворена средба на сенатори и најави закон за забрана на развојот на суперинтелигенција, извршниот директор на Anthropic објави есеј од 3.800 зборови во кој повика на намерно забавување на развојот, а акциите на производителите на чипови паднаа меѓу 3 и 6 проценти на отворањето на берзата.

Ова е еден од најчистите понови примери за тоа како една единствена изјава може да претвори веќе постоечки, но недоволно артикулиран јавен став во политичка и пазарна реакција.

Зошто овој пост имаше ваков девастирачки ефект?

Прво, гласникот беше пораката. Коксон е човек од внатре и работел токму на тренирање на развојот на способностите на моделите. Ова го прави исклучително кредибилен. Понатаму, јавно проговои против сопствениот работодавач, сопствената индустрија и сопствениот финансиски интерес. При заминувањето се откажа и од акциите во Anthropic што сè уште не му беа целосно стекнати. Во теоријата на комуникации, ова е школски пример за “costly signal” односно, тврдење чиј кредибилитет не произлегува толку од доказите колку од цената што говорникот очигледно е подготвен да ја плати за да го изнесе.

Публиката можеби не може да процени сложено техничко тврдење, но многу лесно може да препознае лична жртва.

Архетипот на „инсајдерот што се одметнува“. Коксон се вклопи во една од најтрајните наративни улоги во западната политичка култура. Такви примери се научникот од тутунската индустрија што проговорил за штетноста на цигарите, инженерот од Boeing, свиркачот од Facebook. Овој архетип доаѓа со речиси однапред вградена инструкција за публиката.

Она што е интересно е дека веднаш дебатата се врами во насоката – не да се докажува дека опасноста постои или не постои – туку директно кон тоа дали и како треба да се држи по контрола. Ова е фасцинантно само по себе, бидејќи во многу други слични случаи првата фаза е дали тоа што е објавено е реално или не е.

Ефективноста на пораката. Суштината на изјавата е содржана во четири кратки, директни реченици со една исклучително силна метафора: се коцкаат со нашите животи.

Таа фраза завршува огромна комуникациска работа. Некој се коцка, влогот сте вие, а никој не ве прашал дали се согласувате да учествувате во играта. „Се коцкаат со нашите животи“ е наслов, транспарент и политичка кампања во една реченица. Речиси сите големи медиуми токму неа ја искористија. Феноменално срочено.

Неодреденоста на објавата изигра клучна улога. Најострите критики кон Коксон дека споделил „неодредени објави и поттикнување страв“ во суштинска беа оправдани. Тој не објави документи или докази, но тоа беше најсилната страна, тоа овозможи секоја општествена група различно да ја проектира и коментира сопствената загриженост што даде силен вирален ефект на веста.

Ефектот врз останатите кредибилни гласови во индустријата беше застрашувачки моќен. За само неколку дена, Еван Хубингер од Anthropic ја процени веројатноста за исчезнување на човештвото на повеќе од 10% во следната деценија. Маркус Вилијамс од OpenAI наведе 70% во отсуство на безбедносни мерки. Џефри Ирвинг повика на еднострани запирања при проценет ризик од околу 50%. Неверојатно како целата индустрија, со исклучок на Илон Маск, се построи зад него и неговата изјава. Во најмала рака очекував спротивставување барем од некои величини од индустријата. Ама тоа не се случи. Како да го пукнал балонот кој бил надуен со максимум.

Контранаративите се организираа брзо со спинови и политизација. Илон Маск го нарече случајот „местенка“ и „психолошка операција“, поставувајќи го прашањето како профил со мала претходна активност успеал да достигне 120 милиони прегледи.

Доналд Трамп целото прашање го преформулира како натпревар со Кина и го спинуваше само како што тој знае. Највоздржан беше Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон кој рече дека нема потреба од брзање. Во американската политика, стравот дека земјата може да загуби од голем ривал како Кина историски многу често бил посилен од стравот од потенцијална технолошка катастрофа, па сите изиграа на таа карта.

Кои се ефектите од објавата?

Прво, се премести рамката на дебатата од прашањата за штетите врз потрошувачите работните места, дипфејковите и пристрасноста, кон прашањето за опстанокот. Со тоа темата повеќе не е само за регулаторите на пазарот и потрошувачите, туку станува прашање на националната безбедност. Ова е интересно да се следи дали и како ќе се развива и колку може да биде тема на изборите на половина мандат во САД.

Второ, им даде дозвола на луѓето од индустриската елита јавно да говорат за ова. Ова по мене е најсилниот ефект. Општиот сомнеж го претвори во јавно артикулиран став на луѓе од самата индустрија, на кој потоа мораа да реагираат дури и извршните директори.

И трето, дебата за ВИ ја внесе во предизборната агенда како тема која претходно беше од втор ред.

Што може да биде исходот?

Најверојатниот исход не е создавање единствен апокалиптичен консензус, туку трајно поделена дебата, во која секое идно објавување на помоќен модел истовремено ќе се чита и како технолошки напредок и како нов доказ во обвинението против индустријата.

И второ, ги групираше и хомогениираше сите компании и фондови кои имаат финансиски интерес од развој на ВИ. Ова значи повеќе пари за лобирање пред изборите и заштита на технологијата. Дали тука ќе „ќари“ Трамп останува да видиме.

 


Никола Спасов е комуникациски стратег, истражувач и политички консултант.


Фронтлајн | идеи на првата линија

 

Next Post
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk