Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција, испровоцирана од силните негодувања во јавноста, соопшти дека настаните организирани по повод независноста на државата, чинеле околу 5.530.000 евра, односно 340 милиони денари!
Офаманаман дознава дека од овие пари Бобан зел 250 евра, Изгорче Џамбаз 80, Андријана 150, Наумче 24 итн, другите ги зеле Гета и еден шофер од владата.
Но, Митева не кажа колку пари чинело комплетното усмртување на Македонија ако овие пет ипол милиони ги сметаме само како пари за општонародното весело опело. И покрај силните негодувања на јавноста од кои секој нормален би бил испровоциран.
Добро, ќе речете, тоа е прашање за премиерот.
Се согласувам, еве јас го прашувам прајминистерот на колкава вредност владата ја проценува смртта на Македонија која опасно се доближува до својот крај под сугурните мацоли, инјекции, пресови и идиотски интервјуа и дебилатни емисии на членови на владата и на други истакнати лудаци од власта?
Со се погребот сфатен во својата комплетност, значи, подготивка на мртвата, капење, облекување во нова облека, капела, опело, гробна дупка, гробари со лопати и вистински гробари во Зења, мермери транспорти, говори, музика, плотуни игн.
Еден ден жалост.
Или, можеби, три!
Камери, преноси, дебати, улични анкети во кои уплаканите граѓани и граѓанки ќе кажуваат како ја доживеале смртта на својата мајка и како успеале да не се утепаат.
Итн
Значи колку пари се потрошени на убиството на Македонија.
Моја проценка е дека во последните речиси две ипол години, за таа цел се потрошени комплетните 2.5 буџети, плус корупцијата во износ од три буџета, вкупно, брат брату, околу 30 милијарди евра.
Да се разбереме, тука спаѓаат и платите и пензиите, бидејки пензионерите и вработените со своето офкање и навивање за македонските младиќи, масовно учествуваа во убиството.
Мислам дека тоа е прва работа за која владата има покритие на трошоците во извршеното злодело!
Така што не би требало на премиерот да му биде тешко да биде, што би се рекло, транспарентен и отчетен.
Текстот е личен став на авторот.






