ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

Четврт век по терористичките напади врз Соединетите Американски Држави, светот се сеќава на речиси 3.000 загинати и на денот што засекогаш ја промени глобалната политика, безбедноста и чувството за ранливост на современите општества и демократијата. Го промени односот кон човековите права. Го допре животот на луѓето насекаде низ светот.

September 11, 2026 10:29
in ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

На 11 септември 2001 година, светот гледаше во живо нешто што дотогаш изгледаше речиси незамисливо. Патнички авиони, претворени во оружје од терористите, беа насочени кон симболите на американската економска и воена моќ. Кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк се урнаа пред очите на милиони луѓе. Друг авион удри во Пентагон, а четвртиот, по отпорот на патниците и членовите на екипажот, се урна во Пенсилванија пред да стигне до својата цел.

Терористичките напади, извршени од 19 припадници на Ал Каеда, однесоа речиси 3.000 животи. Меѓу жртвите имаше луѓе од повеќе од 90 земји, вработени кои тој ден едноставно отишле на работа, патници и членови на екипажите на авионите, пожарникари, полицајци и спасувачи кои поитаа кон кулите да помогнат во евакуацијата.

Зад бројките останаа илјадници семејства, пријателства и животи прекинати за неколку часа. Дваесет и пет години подоцна, 11 септември е и ден на сеќавање на тие луѓе, на сите тие животи што згаснаа во најсмртоносниот терористички напад во историјата. Тоа е датум што ја подели поновата светска историја на „пред“ и „потоа“.

Нападите ги променија американската и глобалната безбедносна политика од корен. За првпат во својата историја, НАТО го активираше Членот 5 за колективна одбрана. Канада се одѕва прва. Соединетите Држави ја започнаа војната во Авганистан против режимот на Талибанците, кој ѝ обезбедуваше засолниште на Ал Каеда и на нејзиниот лидер Осама бин Ладен. Почна војната против тероризмот.

Во 2003 година започна и американската инвазија врз Ирак, оправдувана (неуспешно) во поширокиот контекст на новата безбедносна доктрина, иако Ирак немаше оперативна улога во нападите од 11 септември. Војните, интервенциите и политичките одлуки од таа ера предизвикаа долготрајни кризи кои траат до денешен ден. Од корен се променија критериумите за тоа каде започнува и каде завршуваат границите на воената сила, меѓународното право и одговорноста на државите.

Се промени и секојдневниот живот. Аеродромите добија безбедносни процедури кои во тоа време предизвикаа шок, а денес се дел од рутината. Надзорните овластувања на државните служби за безбедност драматично се проширија. Борбата против тероризмот отвори тешки прашања за односот меѓу безбедноста и човековите права, меѓу заштитата на граѓаните и граѓанските слободи.

Во исто време, стравот и тектонските промени во безбедносното милје на државите предизвика и тешки неправди. Муслимани и луѓе со арапско или азиско потекло се соочија со омраза, дискриминација и насилство. Општествата се поларизираа. Овие состојби се уште еден мрачен потсетник дека теророт од 9/11 не постигнува ништо освен деструкција и ненадоместливи штети за сите и на секого, ги јакне културата на насилство, омраза и прогласување колективна вина, токсични наративи, предрасуди и стереотипи.

Се сеќавам на тој ден како да беше вчера. Тоа беа тешки денови и за македонското општество. Земјата штотуку излегуваше од вооружениот конфликт, политички затворен со Охридскиот рамковен договор, во чие постигнување Соединетите Американски Држави имаа пресудна улога. Мирот беше кревок, а атмосферата сè уште наелектризирана.

Многу набрзо по нападите – можеби по околу еден час – добив повик од човек што го имаше мојот телефонски број. Ми рече: „Твоите Американци се нападнати. Америка гори.“ Подоцна ми се јави роднина, американски државјанин. Ми кажа дека е повреден и еден наш подалечен роднина кој бил во Кулите во моментот на нападите.

Пред дваесет и пет години, илјадници луѓе го започнаа 11 септември како обичен вторник, без да знаат дека нивните животи и животите на нивните семејства ќе бидат засекогаш променети.

Сеќавањето на нив е потсетник за цената на тероризмот, на кревкоста на мирот и на обврската на демократските општества да ја бранат безбедноста без да се откажат од човечноста, слободата и достоинството.

Денеска, светот се сеќава. На жртвите. На спасувачите. На семејствата што продолжија да живеат со загубата. И на денот кога, во само три часа, се промени текот на светската историја.

 


ЦИВИЛ МЕДИА


 

Поддршка за ЦИВИЛ

Дајте го својот придонес СЕГА.

 

Next Post

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk