ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026 15:04
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

На одбележувањето на 35 годишнината од независноста на Македонија, што во организација на СДСМ се одржа во големата сала на Македонската филхармонија на 3 септември, прво ми остави впечаток големиот интерес на граѓаните, бројната публика со интересен состав. Дури мислам дека во салата немаше место за сите заинтересирани.

Второ, Филипче имаше добар говор со добри поенти и од животот и делото на Глигоров и во врска со актуелните предизвици пред Македонија со нагласка на драматичните разлики во видувањата меѓу власта и опозицијата. Критички интониран говор со фини формулации, упадливо различни од оние на владејачката партија кои се опремени со омраза, агресија и лоши намери кон Македонија.

Кажа сѐ, без да се расправа или да фаќа кавга.

Битно беше да се покаже таа разлика драстична.

Ми падна драго дека овој настан ќе значи консолидација на неговата лидерска позиција и малаксување на аспирациите на други чинители на тој пост.

Филмот „Глигоров од Македонија“ на Калајџиски и Филактов, кој со говорот на Филипче беше главен дел од одбележувањето на годишнината од независноста, е добра идеја и дело за консолидација на македонската идеја кај сите што не сакаат по тоа прашање да ги купуваат евтините лижавчиња на вмро, туку сакаат да одат напред поаѓајќи од реалните историски дострели на Македонија и од свеста дека ние мораме да му се прилагодуваме на светот, а не светот на нас.

Филмот обилуваше со патетичност, на моменти и баналности и со некаква агресивност во идејата да предизвика емоции и жар или жал за Македонија на еден класичен македонистички, би рекол, начин, во целината, со монтажата, со изборот на трилери за врзување на изјавите на Глигоров, со пресилната и предраматична музичка подлога итн. Глигоров само во ретки моменти имаше моќ да го привлече вниманието, другото беа општопознати, дури, би рекол банални работи кажани на начин кој не е во состојба да ја долови драматичноста и големината на настаните. Можеби затоа што драма и немало. Но од некакво визионерство немаше ниту трага, ниту можеше да има затоа што се инсистира на Глигоров како мит, а не како важен политичар кој освен добри работи, остави и деликатно наследство во некои работи и лошо до таа мерка што го чувствуваме и денес. Многу работи остави отворени во моменти кога имаше моќ да ги реши. Името, на пример. Мора да се има пореален пристап кон политичар чија држава по дваесет и кусур години од неговото заминување, е на работ на пропаста.

И на крајот воспевањето и восприемањето на неговото наследство и на некој начин сведувањето на тоа на паролата „Македонија е сѐ што имаме” е плод на склоноста на Македонците кон бесмислени патетичности. „Македонија е сѐ што имаме“ и во своето буквално и политичко и симболичко значење е многу лоша формулација која ги деградира луѓето, а на Македонија ѝ дава значење кое лебди во облаците и ја покажува нашата сиромаштија на духот.

 

ПС. Филмот е неподнослив. Сакав да ја напуштам салата, но се воздржав од почит кон настанот. Тоа таму не беше ниту патетика туку вулгагна заебанција со темата, односно со Глигоров, со Македонија и со програмата на СДСМ за одбележување на годишнината од независноста. Ти препорачувам да го самобункерираш. Мојот осврт беше резултат на неподносливиот показ на најдефектното можно саморазбирање на Македонија. Жал ми е што нашето пријателство не беше во состојба тој изблик да го спречи. (Од обраќањето до режисерот Никола Калајџиски)

 


Текстот е личен став на авторот | ПРВА ЛИНИЈА

Next Post

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk