ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

Организацијата го оцени одговорот на Владата како задоцнет, селективен и недоволен и побара постапки против Иван Стоиљковиќ и Далибор Китановиќ, како и конкретни европски мерки против негирањето на геноцидот

August 30, 2026 11:02
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода побара итна политичка, правна и институционална одговорност по објавите со кои Демократската партија на Србите во Македонија – ДПСМ и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, го величаа Ратко Младиќ, правосилно осуден за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства.

Во опширното соопштение објавено денеска, организацијата бара разрешување и законска одговорност за Китановиќ, утврдување на политичката, правната и институционалната одговорност на министерот и претседател на ДПСМ Иван Стоиљковиќ, како и постапување на Јавното обвинителство.

„Ратко Младиќ не почина како ‘легендарен генерал’, туку како правосилно осуден воен злосторник, издржувајќи доживотна затворска казна за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина. Неговата смрт не ги брише злосторствата, не ја менува пресудата и не ја намалува болката на жртвите, преживеаните и нивните семејства“, се наведува во соопштението.

ЦИВИЛ оценува дека објавите на ДПСМ и Китановиќ не можат да бидат третирани како приватни мислења на маргинални поединци. ДПСМ е дел од владејачката коалиција и е предводена од министер, додека Китановиќ раководи со државна институција задолжена за остварување и заштита на правата на заедниците.

Партијата го претстави Младиќ во позитивен и херојски контекст, како генерал што му служел на својот народ и кого „историјата ќе го памети“. Китановиќ објави фотомонтажа во која Младиќ, заедно со четничкиот командант Дража Михајловиќ и други личности, е претставен како еден од „генералите на небеската војска“.

„Повлекувањето или бришењето на објавите не ја поништува одговорноста. Глорификацијата не престанува да биде глорификација откако ќе биде избришана од социјалните мрежи“, порача ЦИВИЛ.

Владината реакција не ја опфати одговорноста на Стоиљковиќ

Организацијата го оцени досегашниот одговор на Владата како задоцнет, селективен и недоволен. Реакцијата пренесена преку одделни медиуми се однесува само на Китановиќ и му остава можност да остане на функцијата доколку ја повлече објавата.

Одговорот, според ЦИВИЛ, не ја опфаќа објавата на ДПСМ, не ја утврдува одговорноста на Стоиљковиќ и не содржи формална владина одлука или конкретна институционална последица.

ЦИВИЛ бара Владата, на формална седница, недвосмислено да го осуди величањето на Младиќ; премиерот Христијан Мицкоски да покрене постапка за разрешување на Китановиќ; да се утврди одговорноста на Стоиљковиќ и да се покренат постапки за негово разрешување и законска одговорност.

Од Јавното обвинителство се бара да отвори предмет и да утврди дали објавите ги исполнуваат законските обележја за кривична одговорност според член 407-а од Кривичниот законик и другите релевантни прописи.

ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ЗНАМ и другите партнери во владејачката коалиција се повикани своите јавни позиции да ги претворат во конкретни политички одлуки.

„Информациска празнина“ што го разубавува злосторството

Посебен дел од реакцијата е посветен на медиумите што ја пренесоа веста за смртта на Младиќ со изоставување или маргинализирање на геноцидот, опсадата на Сараево, теророт врз цивилите и неговата правосилна пресуда.

„Кога од биографијата на еден правосилно осуден воен злосторник систематски се отстрануваат неговите злосторства и жртви, а се задржуваат чиновите, униформата, воената кариера и националистичките митови, тоа повеќе не е обичен пропуст, туку намерно креирана информациска празнина“, порача ЦИВИЛ.

Некритичкото пренесување на пропагандните пораки од Белград и Москва, според организацијата, го нормализира ревизионизмот и врши ново симболично насилство врз жртвите и преживеаните:

„Злосторството се извршува уште еднаш, овојпат врз вистината, сеќавањето и човечкото достоинство“.

Целни европски мерки и поддршка за демократските сили

ЦИВИЛ ги осуди и наративите на официјален Белград и Москва, со кои Младиќ се претставува како жртва, а меѓународните судови и Западот како негови прогонувачи.

Од Европската Унија и другите меѓународни институции се бара да ја условат финансиската и политичката поддршка со почитување на меѓународното право и да суспендираат или пренасочат средства што ги користат влади, институции и политички структури кои промовираат или толерираат негирање на геноцидот и величање воени злосторници.

Истовремено, организацијата бара поголема директна поддршка и заштита за независните медиуми, граѓанските организации, здруженијата на жртвите, независните интелектуалци и бранителите на човековите права.

ЦИВИЛ нагласува дека осудата на злосторствата на Младиќ не претставува непријателство кон српскиот народ, туку солидарност со демократските сили во Србија и регионот.

Соопштението завршува со пораките:

„Нема помирување без правда. Нема правда без одговорност. Нема одговорност без вистина. Нема европска иднина со величење на осудени воени злосторници.“

Целото соопштение на ЦИВИЛ е достапно на ЦИВИЛ МЕДИА.

Д. Е.

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk