Поранешниот премиер и бегалец од правдата, кој доби политички азил во Унгарија, Никола Груевски, доби повеќе од седум пати повеќе реакции на Фејсбук од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на нивните објави по повод Денот на независноста.
На 8 септември, во приближно ист временски пресек, околу 22:30 часот, честитката на Груевски имаше 15,3 илјади реакции, додека објавата на Мицкоски имаше околу две илјади. Груевски го води со 7,6 пати повеќе реакции на Фејсбук.
Разликата е особено забележлива имајќи предвид дека Мицкоски е актуелен премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што Груевски ја предводеше до пред речиси девет години.
Фото: Фејсбук / скриншот






