ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

Под превезот на „изложба“, руската дипломатска мисија во Скопје шири две лажни тези чие побивање е сосема едноставно и лесно: дека Крим е руски и дека Украина „нелегално“ ги задржува СОПСТВЕНИТЕ културни добра. ФАКТИ: Крим е Украина, а артефактите ѝ се предадени на украинската држава врз основа на конечна судска одлука во Холандија.

September 11, 2026 17:56
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА | ЦИВИЛ МЕДИА

Руската амбасада во Скопје ја искористи својата фасада за уште една отворена воено-пропагандна операција со која се оправдува окупацијата на украинскиот полуостров Крим и се напаѓаат Украина и Европа.

На 10 септември, руската амбасада соопшти дека на нејзината фасада поставила материјали од изложбата на т.н. Руско военоисториско друштво, насловена „Кримско злато: ‘цивилизирана’ Европа ги ограбува руските богатства“.

Но, ова е далеку од вообичаена културна или историска изложба. Уште во самиот наслов се вградени две клучни руски пропагандни тези: дека Крим и неговото културно наследство ѝ припаѓаат на Русија и дека Европа, а не руската држава што изврши инвазија и окупација, е грабнувачот.

Во текстот на веб страницата и социјалните мрежи што ја придружува изложбата, Амбасадата тврди дека артефактите „остануваат нелегално чувани од страна на киевскиот режим и неговите поддржувачи од ‘колективниот Запад’“.

ОВА ТВРДЕЊЕ Е ЛАЖНО.

Што навистина се случи со артефактите?

Артефактите од четири кримски музеи беа испратени на изложба во музејот Алард Пирсон во Амстердам пред Русија да го окупира Крим во 2014 година. По окупацијата, и украинската држава и музеите ставени под руска контрола побарале предметите да им бидат предадени.

Музејот во Амстердам не ги „украл“ предметите, туку ги чувал додека холандските судови не утврдат кому законски треба да му бидат предадени.

Во октомври 2021 година, Апелацискиот суд во Амстердам пресуди дека артефактите се дел од културното наследство и од Државниот музејски фонд на Украина. Судот утврди дека јавниот интерес на украинската држава за зачувување на сопственото културно наследство има поголема тежина од барањата на музеите на окупираниот Крим.

На 9 јуни 2023 година, Врховниот суд на Холандија ја потврди одлуката артефактите да ѝ бидат предадени на Украина. Со тоа судската постапка беше правосилно завршена.

Во ноември 2023 година, предметите се пренесени во Националниот музеј на историјата на Украина во Кијив. Значи, тие не се „нелегално чувани“, како што тврди руската амбасада, туку се вратени на украинската држава врз основа на конечна одлука на холандското судство.

Пропагандно присвојување на Крим

Изразот „руски богатства“ е централната манипулација во објавата.

Крим не е руска територија. Крим е дел од Украина под руска окупација. Генералното собрание на Обединетите нации, со Резолуцијата 68/262 од 27 март 2014 година, го потврди суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и нагласи дека таканаречениот „референдум“ организиран под руска воена контрола нема никаква правна важност.

Со присвојувањето на археолошките артефакти како „руски богатства“, московската пропаганда се обидува културно и историски да ја нормализира окупацијата, а културното наследство се претвора во оружје за оправдување на таа окупација.

Истовремено, со изразите „киевски режим“ и „колективен Запад“, руската амбасада ја повторува стандардната воена пропагандна матрица на Кремљ: Украина се претставува како нелегитимен субјект, Западот како непријател и грабнувач, а Русија – државата агресор – како наводна жртва.

Тоа е класична пропагандна замена на улогите на агресорот и жртвата.

Воена пропаганда среде Скопје

Фактот што ваквата содржина е поставена на фасадата на дипломатско претставништво во Скопје ѝ дава на пропагандната порака институционална видливост и привид на дипломатски легитимитет.

До моментот на увидот, објавата на Фејсбук имаше 118 реакции. Тоа само по себе не е мерка за нејзиното влијание, но покажува дека содржината не останува во границите на амбасадата – таа циркулира низ информативниот простор на Северна Македонија.

Не станува збор за изолиран културен настан, туку за продолжување на руската воено-пропагандна активност во земјите од Западен Балкан. Историјата, археологијата и културното наследство се употребуваат за оправдување на освојувањето туѓа територија и за ширење непријателство кон Украина и Европа.

Ниту една изложбена табла и ниту една дипломатска фасада не можат да ги променат фактите.

Крим е Украина. Русија го окупираше Крим во 2014 година. Артефактите се украинско културно наследство, предадено на Украина по законска и правосилно завршена судска постапка.

Сè друго во оваа „изложба“ е воено-пропагандно пакување на една незаконска окупација.

 


ЦИВИЛ МЕДИА


Поддршка за ЦИВИЛ

Дајте го својот придонес СЕГА.

Next Post
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk