ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026 07:30
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Никола Спасов

Никола Спасов

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НИКОЛА СПАСОВ

Гледам дека сè уште многу луѓе не разбираат дека водењето кампања против политичар само врз основа на хипокризија, лаги и двојни стандарди веќе не функционира како порано. Или, поточно, не функционира автоматски само заради тоа што некој лаже или има двојни стандарди.

Европската левица, центарот па и традиционалната десница се впрегнаа во таква кампања против Алис Вајдел. Таа е геј, живее во Швајцарија, има семејство, но ветува сосема спротивни нешта. Сето тоа треба да покаже некаква хипокризија и да го натера гласачот да каже: „Чекај, ова нема логика“.

Проблемот е што гласачот воопшто не го поставува тоа прашање.

Во последните години се случи длабока, речиси тектонска промена во начинот на кој функционира политичката комуникација.

Не затоа што луѓето одеднаш престанаа да размислуваат рационално, политиката никогаш не била особено рационална дисциплина. Туку затоа што информациската средина во која денес живееме многу повеќе ги наградува нашите емоции отколку нашата рационалност.

До неодамна, доказ дека политичар лажел, дека има двојни стандарди или дека неговиот приватен живот е во целосна спротивност со политиката што ја проповеда можеше да има разорен ефект врз неговиот рејтинг. „Фативме политичар во лага“ беше основа за цела кампања.

Тоа и денес може да функционира, но има една голема разлика. Хипокризијата престанува да биде автоматски дисквалификувачка во моментот кога гласачот верува дека истиот политичар го штити од нешто што тој го доживува како многу поголема закана.

Што е реалноста?

Живееме во период на огромна економска и геополитичка непредвидливост, војни, миграции, брзи технолошки промени и неверојатен информациски overload. Просечниот човек секој ден е изложен на количина негативни информации каква што пред само две децении беше незамислива.

Војна, убиства, терористички напад, мигранти, инфлација, вештачка интелигенција ќе ти ја земе работата. Русија ќе ја нападне Европа. Европа пропаѓа. Америка пропаѓа. Климатска катастрофа. Нова пандемија. Скролаш уште пет минути и повторно некој крај на светот.

Таквата информациска средина постојано стимулира две од најмоќните политички емоции: стравот и бесот.

И кога тие две емоции стануваат доминантни, се менува и хиерархијата на работите што му се важни на гласачот. Токму затоа нападот врз Вајдел преку нејзиниот приватен живот е комуникациски многу слаб.

Резонирањето на германските гласачи речиси сум сигурен дека е брутално едноставно:

Да, Алис Вајдел е геј. Да, живее во Швајцарија. Да, можеби има контрадикции помеѓу нејзиниот приватен живот и дел од политиките на партијата. И?

Ќе ми ја намали ли миграцијата? Ќе се чувствувам ли побезбедно кога одам навечер дома? Ќе изгледа ли моето маало повторно како порано? Ќе имам ли чувство дека некој повторно има контрола?

Ако гласачот верува дека одговорот на овие прашања е „да“, приказната за хипокризијата завршува тука.

Политичките противници на Вајдел зборуваат за конзистентност а гласачот размислува за закана и опасност. Тоа се две сосема различни психолошки рамки.

И тука доаѓаме до поширокиот проблем со растот на радикалната десница во Европа. Секако дека постојат реални политички причини за нејзиниот раст. Неуспешни политики, проблеми со миграцијата и интеграцијата, економско незадоволство, губење доверба во институциите и неспособноста на дел од традиционалната левица и десница да разберат што навистина ги загрижува луѓето.

Но постои и една огромна комуникациска предност. Пораките на радикалната десница се речиси совршено приспособени за алгоритамската ера.

Мигрант нападнал човек, девојка е нападната во метро и силувана, толпа се тепа на улица. За тоа ти треба видео од 15 секунди, слика , стори или кратка порака со неколку извичници.

Не ти треба ниту контекст, ниту доказ ниту експерт да ти елаборира. А најважно не ти треба внимание подолго од десетина секунди.

Ти треба слика и емоција.

Уште полошо, со вештачката интелигенција денес не ти треба ниту вистински настан. Можеш да генерираш лажно видео од мигрант кој боде човек со нож. Пред некој да провери дали видеото е вистинско, тоа веќе го виделе милиони луѓе.

Доказот ќе дојде може за неколку дена ама стравот веќе си го направил своето. Тука е структурната комуникациска предност.

Едната страна треба да објаснува миграциска политика, интеграција, статистика за криминал, економски ефекти, меѓународно право и демографија, а другата страна покажува видео.

Затоа не мислам дека луѓето одеднаш станале поглупави или ирационални. Ние едноставно изградивме информациски систем кој многу поефикасно ја наградува нашата ирационалност.

А како да се излезе од тоа е веќе друга тема.

 


Никола Спасов е комуникациски стратег, истражувач и политички консултант.


Фронтлајн | идеи на првата линија

Next Post
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk