Пишува: ХАН СОЛО ЏУНИОР
А тек да не ти кажувам што мислам за овие телефониве „на виткање“ и за психолошкиот профил на тие што ги користат!
Цел живот гледам како се мачат да ги направат телефоните помали, потенки, полесни. Прво носевме цигли со антена, па станаа колку сапунче, па тенки, па паметни…
Уште антена да им стават… Па носи бе книга, има вградено „отворање“!
Него, што мислат тие што ги купуваат? „Е, баш ова ми треба за да ги дадам двете илјади евра!“
Церемонијално го вади телефонот – го отвора, проверува Вибер, го затвора…
А пази, линијата на средина – СЕ ГЛЕДА! 2000 факинг евра!
Телефон со вградена демонстрација!
После 1000 пати отворање за Вибер, се гледа, механика е тоа. Исто као со 3D телевизорите, лупнаа по 1500 евра, за да ги гледаат со специјални наочари.
Нокиа 3310 вршеше работа, а ако сакаше да покажеш колку си успешен – Нокиа Банана. И најважно – нема Вибер!
Или Вајбер?
Кое племе си ти – Вибер или Вајбер?
Само сељаците викаат Вибер.
Али, врв на чаламизам ти е Ајфон на виткање!
„Знаеш, ми треба уред којшто ми овозможува сигурна комуникација“.
После иде на кросфит и у Воденица, порачува добро печен бифтек со ракија. И „македонска“ салата и „македонско кафе“. Седнува у АМГ Тути-фрути Мерцедес G-wagen, купен со парите земени како уплата за становите коишто сѐ уште не почнал да ги гради (а обеќал дека ќе се вселат следниот месец). Иде кај швалерката (којашто таквите шугар-дедија ги води на компјутер, не може да постигне од курварлук), па доаѓа дома, ја тепа жената, а син му, 4-то одделение веќе пуши марихуана.
Сабајле иде на градилиште и ги убедува радниците дека платата ќе биде сега, на први, откако 4 месеци не им платил.
Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА | Сите права се задржани.






