„Би рекол дека граѓанскиот отпор против авторитарниот режим на Груевски беше поддржан од граѓанските организации, политичките партии, оние на тогашната опозиција подоцна се вклучија. Би рекол ние први почнавме, а не обратно“, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
„Ако сте биле активист во било која смисла на зборот би требало да знаете малку повеќе да се служите со факти и да се информирате како функционира Амнести Интернешнл, кој, како се залага за човекови права и слободи, бидете сигурни дека вашите права никогаш не биле занемарени, како од нашата организација, така и како член на Амнести Интернешнл повеќе од 22 години, секогаш сме се бореле кон универзалните човекови права“, реплицираше Дерала на соговорникот Бобан Илиевски, кој сакаше да ја искоментира улогата на Амнести и што тие направиле кај нас.
На прашањето за обвинетите за 27 април, амнестирањето и дали нивните човекови права се задоволени, Дерала изјави дека прашање е колку дел од амнестирание луѓе, се всушност тие што би требало да бидат оние што требале да се соочат со обвинение.
„Многу е јасно дека имате ситуација дека еден дел од тие луѓе беа заблудани, беа со месеци терани и хушкани во крвав напад на Собранието и сакаа да убијат пратеници, новинари, лидери на политички партии. Еден дел од тие луѓе јас сум убеден дека еден дел од оние што се архитекти од тој напад денеска шетаат на слобода и уште пропагираат национализам. Мислам дека еден од нив сте и вие“, истакна Дерала, на крајот обраќајќи му се лично и на соговорникот Илиевски.
„Ти, Бобан, беше националистички мегафон тогаш и сè уште. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Ништо не е променето кај вас“, рече Дерала.