ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Одлучен удар 21“ – одлучно за придобивките од НАТО членството

May 31, 2021 19:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вежбата „Одлучен удар 21“ претставува првата голема вежба по заокружувањето на македонското полноправо членство во НАТО сојузот. Армискиот полигон Криволак, близу Неготино, полека, но сигурно прераснува во полигон кој ги задоволува и највисоките светски стандарди за простори од овој карактер.


Денеска истото беше потврдено и со т.н. Ден за високи гости, односно лица кои присуствуваа на презентацијата на вештините на припадниците на македонската армија и армиите на САД, Грција и Бугарија. Дел од почесните гости беа и највисоките домашни државни функционери – претседателот Пендаровски, премиерот Заев и собранискиот спикер Џафери, како и ресорната министерка Шеќеринска. Исто така, присутна беше и амбасадорката на САД во Скопје, Брнз, како и министерката за одбрана на Црна Гора, Ињац, но и висока делегација од сојузната држава Вермонт, САД, како и многубројни воени аташеа акредитирани во Северна Македонија.

Моќта на најсилниот воено-политички светски сојуз НАТО лежи во заедништвото и токму оваа воена вежба тоа го демонстрира. Регионалната соработка со грчката и бугарската армија, но и прекуокеанската – со американската, проследена со голема поддршка од САД за напорите на модернизирање на условите за нашите воени лица, покажува дека придобивките од членувањето во НАТО се присутни и истите допрва ќе се покажуваат. НАТО сојузот, гарантирајќи ја територијалната целовитост и безбедност на неговите членки, преку ваквите вежби и тесната соработка, покажува дека неговите постулати и вредности не остануваат само на хартија, туку земјите ги чувствуваат секојдневно.

Во обраќањата на министерката за одбрана, премиерот и претседателот ова беше јасно подвлечено, а во излагањето на американскиот гостин беше потенцирано дека ваквите настани и вежби помагаат за обострано учење и запознавање со системите и опремата на разните земји членки.

Оваа вежба, која всушност е дел од најголемата НАТО вежба „Defender Europe 21“ и истата  годинава се одвива на европско тло. Покрај учеството на над 1.000 припадници на армиите на четири земји членки и воспоставувањето директен контакт, целта на вежбата е и демонстрација на високо ниво на интероперабилност, воена подготвеност и презентација на пешадиските баталјони.

Иван Дургутов

Next Post

ЕК одобри употреба на вакцината на Фајзер кај деца на возраст од 12 до 15 години

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk