ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ФОТО) Град Скопје уреди нов зелен сквер во Тафталиџе

May 31, 2021 14:06
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Запуштената и неуредена површина пред објектот на противпожарната бригада во населбата Тафталиџе, сега е нов зелен сквер. Околу 1 000 квадратни метри кај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, Градот Скопје целосно ги  уреди со цел на граѓаните да им се овозможи да уживаат во квалитетна инфраструктура со зеленило.

–  Со особено задоволство денеска ја отвораме четвртата  од вкупно 5 микролокации во Скопје, коишто Градот заедно со УНДП, Скопје Лаб  и  со граѓаните коишто живеат во близина на тие локации, ги промовираше во нови скверови.  Станува збор за локација на која од запуштен тревник направивме едно инклузивно игралиште со справи приспособени и безбедни за децата со посебни потреби со цел  сите сограѓани и  наши дечиња да може да уживаат на овој простор. На овој простор, како што кажав со запуштен тревник, се засадени над 30 видови различни растенија со што добиваме и зелен сквер и едно прекрасно катче каде што на безбеден начин децата ќе може да го поминуваат слободното време – кажа Шилегов.

 

1 of 10
- +

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

Шилегов им се заблагодари на традиционалните партнери УНДП кои заедно со Скопје Лаб му помогнаа во осмислувањето на овој простор, како и на општествено одговорните компании Макпетрол АД и Државна видеолотарија на Македонија кои со своите донации помогнаа да биде позелен и пофункционален новиот сквер.

По спроведена анкета, на барање на жителите на овој дел од населбата поставено е инклузивно игралиште што можат безбедно да го користат и дечиња со посебни потреби, а игралиштето е донација на Државна видеолотарија на Македонија.

Дополнително просторот е збогатен со нова урбана опрема, ново осветлување и фонтана со вода за пиење. Просторот е осмислен на начин што целосно ги следи потребите и желбите на граѓаните кои живеат во овој дел од Општина Карпош.

Локацијата е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП што  започна во 2018 година.

Градот Скопје посветено работи на обезбедување на функционална животна средина за граѓаните во Скопје, која ќе подразбира квалитетна инфраструктура со доволно зеленило, со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.

На отворањето на овој зелен сквер во населбата Тафталиџе присуствуваа и Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош, како и претставници на  општествено одговорните компании Макпетрол АД и Државна видеолотарија на Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години

July 16, 2025
Фото: Мицкоски ФБ

Мицкоски: По година од најавата се остварува најголемата инвестиција од половина милијарда долари, која ќе произведува еден терават електрична енергија

July 16, 2025
Министерство за транспорт

Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност и конкурентност на индустријата на странските пазари

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласот на Бранка Станковска повторно се слуша – благодарение на македонскиот стартап „Tytl“ и вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од октомври ја зголемуваат минималната плата на 500 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk