ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Косово од денеска нема полициски час, се олеснуваат и други анти-ковид мерки

May 31, 2021 08:55
in ДЕНЕС, РЕГИОН
frontonline.net

frontonline.net

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Косово стапуваат во сила новите, олеснети мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува полицискиот час, односно досегашната забрана за движење на граѓаните во периодот од 23 до 5 часот наутро, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со одлуката што во петокот ја донесе Владата на Косово по видното намалување во последните недели на бројката на смртни случаи и заболени од Ковид-19, се продолжува и работата на угостителските објекти за еден час, односно до 23 часот. Освен тоа, се укинува и обврската за носење маски на граѓаните на отворено, доколку не се во друштво на други лица, односно се движат сами.

– Според извештајот на Институтот за јавно здравство на Косово, епидемиолошката ситуација во Косово се прикажува како стабилна, со продолжување на падот на позитивни случаи. Главни мерки се следните: Се укинува ограничувањето на движењето, меѓутоа од полноќ до 5 часот не се дозволува собирање на лица во внатрешни и надворешни амбиенти; се продолжува работното време на угостителството до 23 часот; се укинува обврската за носење маски на граѓаните додека се движат сами во надворешни амбиенти, се вели во владината одлука.

Во Косово последните денови е забележан значителен пад на бројот на заболени и починати од Ковид-19. Од, во просек, по две до три илјади извршени тестирања дневно, последните неколку недели заразени од коронавирусот резултираат по десетина до неколку десетици лица. Видно е намален и  бројот на починати како последица на пандемијата, така што, на пример, во последните 72 часа, според вчерашниот извештајот на Националниот институт за јавно здравство на Косово, е забележан само еден смртен случај на заразен од коронавирусот.

Бројката на активно заболени од Ковид-19 во земјата, според последниот извештај на надлежните здравствени власти, моментно изнесува 2.380.

Проблем во справувањето на косовските власти со пандемијата останува ниската бројка на обезбедени вакцини и на вакцинирани лица. Официјално, досега се вакцинирани околу 64 илјади лица – главно медицински персонал и пензионери, и тоа со вакцини добиени како донација од програмата КОВАКС и од Европската унија. Ова, според медиумските извештаи, го сместува Косово во групата на земји со најнизок процент на вакцинирани, и тоа не  само во регионот и во Европа.

Во петокот, на 28 мај, Владата на Албин Курти соопшти дека постигнала договор со компанијата „Фајзер“ за купување во наредните месеци на 1,2 милиони дози вакцини, по што очекува до крајот на годинава да се имунизира повеќе од 60 отсто од населението. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп го скрати рокот од 50 на „10 или 12 дена“ за Путин да се согласи на договор за Украина

July 28, 2025

Сем Алтман: Разговорите со ChatGPT за лични проблеми не се правно заштитени

July 28, 2025

Си-Ен-Ен: Нетанјаху е заглавен во криза што самиот ја создаде во Газа

July 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еврокомисијата утврди дека „Тему“ продава нелегални и несоодветни производи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Нема да воведуваме санкции против Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk