ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

„LifePal“ – победници на Националниот натпревар на ученички компании

June 1, 2021 10:34
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2020/2021 година, организиран од Џуниор Ачивмент Македонија, е ученичката компанија „LifePal“ од скопската гимназија Никола Карев. Нивната компанија нуди интересно и практично решение за непредвидливи ситуации од секојдневниот живот на училиште, работа или при рекреација. Неопходните сетови претставуваат мали пакетчиња составени од неколку производи, кои ќе бидат лесно достапни од поставените вендинг машини.

Тимот на „LifePal” ќе учествува на Европскиот натпревар на ученички компании, кој годинава се оддржува виртуелно од 13 до 15 јули. За прв пат, Џуниор Ачивмент Европа и Џуниор Ачивмент Литванија во еден голем настан ГЕНЕРАЦИЈА-Е, ќе ги спојат двата натпревари кои го слават преприемништвото, информираат од Џуниор Ачивмент Македонија.

Второнаградената ученичка компанија е „TechBook“ од гимназијата Јосип Броз Тито од Скопје, која нуди смарт тетратка и веб страна. Веб страната е од едукативен карактер и нуди простор за зачувување на белешките и корисни видеа. Смарт тетратката ќе го олесни начинот на пишување и организирање на училишните белешки и задачи и нуди директен пренос на податоците на компјутер.

Третото место го освои ученичката компанија „Grow Green“ од средното училиште Кочо Рацин од Скопје, која ја разви идејата за еко кафетерија, чии производи се биоразградливи и еколошки. Специфичните растенија кои ќе се одгледуваат во просторот имаат улога на декор и прочистувач на воздухот и ќе бидат користени во продажбата.

Ова се дел од идеите кои шестчлената жири комисија имаше можност да ги слушне од учениците. На натпреварот, кој се одржа од 10 до 31 мај 2021 година, учествуваа 108 ученици од 23 тима од средни училишта од Берово, Битола, Велес, Гевгелија, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп и Скопје.

Џуниор Ачивмент Македонија, оваа година додели награда за најдобра презентација на производот или услугата, преку социјалните мрежи и видеото на ученичката компанија Health Activity Providers од ССОУ Димитрија Чуповски од Велес. За посветеноста во работењето во програмата беа доделени и наградите за најдобар наставник на г-ѓа Снежана Бошковска од гимназијата Никола Карев од Скопје и најпретприемничко училиште – СОЕПТУ Кузман Јосифовски – Питу од Прилеп. За прв пат, Џуниор Ачивмент Македонија додели и награда за најдобар есеј за етичка дилема во бизнис. Ученикот Давид Арсовски од СЕПУГС Васил Антевски Дрен, најуспешно го одбрани својот критички став на дадениот предизвик за етичко однесување.

Во текот на вчерашниот ден се одржа официјалниот настан за прогласување на најдобрата ученичка компанија. Преку свои обраќања, учесниците ги поздравија: Ерик Јановски, претставник на Канцеларијата на УСАИД во РСМ, Коста Петров, директор на ФИТР и Мила Царовска, министерка за образование и наука.

Националниот натпревар е дел од Проектот за Поддршка на претприемничко учење во Европа и Евроазија, поддржан од УСАИД, Фондот за иновации и технолошки развој и Агенцијата за поддршка на претприемништво на РСМ. Трите најдобри тимови беа наградени и од овогодинешните помагатели СЕМОС едукација и ПАКОМАК.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk