ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Крива Паланка реализиран тренинг од ФИБА проектот „Нејзиниот свет, нејзини правила”

June 1, 2021 09:43
in ДЕНЕС, СПОРТ, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка се одржа кошаркарски тренинг за промоција на женската кошарка во организација на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија.

Тренингот е дел од проектот „Нејзиниот свет, нејзините правила“. На тренингот, што се реализира во соработка со училиштето и Кошаркарски клуб „Крива Паланка” беа опфатени четириесет девојчиња на возраст од осум до девет години, кои се вклучија во кампањата за промоција на овој спорт што се одвива под покровителство на ФИБА.

-Ние како федерација досега ги реализиравме поголемиот дел од активности во Скопје и ширум државата во рамки на поставените приоритети на проектот, тренинзи, кампањски активности, турнир 3×3, мини баскет, настани како денешниот, со цел да ја промовираме и популаризираме портокаловата топка меѓу најмалите девојчиња. Ова се постигнува со присуство на нашите кошаркарски амбасадори Јелена Антиќ, Едина Муса, Јована Петрушевска, Симона Деловска и Нена Трајческа, кои се вклучени во сите наши активности поврзани со овој исклучително значаен проект во европски рамки, вели координаторот за млади категории во КФСМ, Мирко Ивановски.

Школските активности беа поддржани од тренерите Мирослав Ивановски, Марија Петровиќ и Виктор Петровски од КК Крива Паланка, претставници од Федерацијата и со медиумска поддршка.

-Проектните активности, освен во Скопје, се проширени  во повеќе градови низ нашата земја, во источниот во Пробиштип, Штип, Македонска Каменица, Крива Паланка, во средишниот  Кавадарци, на западот, Битола ,Прилеп и Струга,  на југот Валандово, на север во Куманово. Сите имаат за цел да ја промовираат кошарката на жените и девојчињата и да се поттикнат што поголем број девојчиња да се вклучат во тренажен процес на овој популарен спорт, додаде Ивановски.

Проектот е планирано да заврши со фестивал, што зависно од здравствената ситуација, ќе се одржи во Скопје, во градскиот парк, со активности како 3×3, минибаскет, фитнес тренинзи за најмладите возрасни категории на кошаркарки од основните училишта од целата држава и мотивациски говори од нашите кошаркарски амбасадори.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Азески: Преку заеднички проекти со Србија до 1,5 милијарда долари трговска размена

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk