ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најавени нови количини вакцини, над 433 илјади пријавени за вакцинација

June 2, 2021 09:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата на сите пунктови низ државата, според здравствените власти, се одвива непречено, а интересот секојдневно се зголемува. Активноста, како што тврдат нема да запре со оглед на најавите дека ќе пристигнат нови количини вакцини, а има доволно вакцини и за втора доза.

Како што информираше Министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 236.878 граѓани, додека досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 433.787 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2.057 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.763 граѓани.

– Во државата вкупно се аплицирани 331.034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94.156 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти вчера Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека официјалните препораки на сите производители е да не се мешаат вакцините како за првата доза истиот производител треба да биде и за втората доза.

– Немаме официјална препорака дека може да биде вакцина од еден тип за прва доза и друг тип за втора доза, изјави Филипче и посочи дека сè уште нема точни датуми за пристигнувањето на вакцините „Спутник“ и на „Синовак“. Завчера разговарал со рускиот амбасадор и тој зема обврска да контактира со Институтот во Москва и да даде повратни информации.

Филипче нагласи дека имунизацијата нема да запре, посочувајќи дека завчера пристигнаа 11 700 вакцини од „Фајзер“ кои се дистрибуираат, а во текот на неделава очекуваат и други вакцини од Бугарија и Грција. Месецов треба да пристигнат околу 110 илјади Фајзер вакцини преку Ковакс системот и околу 80 илјади преку нашиот директен договор.

Во телевизиско гостување Филипче кажа дека она што се очекува, според последните најави, е од вакцината „Синовак“ која што вчера ја одобри Светската здравствена организација, во нашата земја да стигнат 500 илјади дози.

На прашањето дали стравува од можноста населението да не сака да се вакцинира со оваа вакцина поради фактот што последна беше признаена од СЗО, истакна дека граѓаните треба да имаат доверба.

– Исто како што сите вакцини ги аплициравме до сега, треба целта да се постигне, колективен имунитет врз основа на ефикасноста на секоја вакцина поединечно, да се измери ефективноста на целокупниот процес, е нешто што ќе ја смени сликата за епидемијата. Така што, апсолутно граѓаните треба да бидат спокојни, сите вакцини се безбедни и се доволно ефикасни, порача Филипче.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Побарано проширување на опфатот и дополнителни информации за увозот на нафтени деривати

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk