ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кипар и на Иран

June 2, 2021 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Кипар и на Исламската Република Иран, во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Димитриос Теофилакту, новоименуван амбасадор на Република Кипар, со седиште во Белград, претседателот Пендаровски истакнал дека од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави во август 2019 година, се создадоа неопходните услови за интензивирање на политичкиот дијалог и за продлабочување на меѓусебните односи и соработка.

-Конкретно, со задоволство сакам да ја констатирам нашата подготвеност за интензивирање на економската соработка, со цел целосно искористување на економските потенцијали на нашите две земји, поттикнување на трговската размена, инвестициите, како и меѓусебната координација во развојот на туризмот, рекол претседателот Пендаровски.

Во своето обраќање тој ја истакнал континуираната кипарска поддршка за евроинтегративниот процес на нашата земја и додал дека очекува засилено афирмирање на поддршката во европските институции во периодот којшто следи.

Амбасадорот Теофилакту потенцирал дека пристапувањето на Северна Македонија и останатите земји кандидати од Западниот Балкан во Европската Унија, е висок приоритет и дека може само да придонесе кон стабилноста и просперитетот на регионот и Европа.

-Со цел да дадеме силен поттик, како кон вашиот евроинтеграциски пат, така и на нашите билатерални односи, ние сакаме да размениме повеќе посети, како на претседателско, така и на министерско ниво, а вклучувајќи и состаноци на други надлежни институции, како што се стопанските комори на нашите две земји. Натамошното унапредување на економската соработка, трговијата и туризмот нуди големи можности за нашите две земји, рекол амбасадорот Теофилакту на церемонијата на предавање на акредитивните писма.

Оценувајќи дека двете земји во изминатиот период изградиле конструктивни односи, претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Сејед Мохамад Џавад Расули, новоименуван амбасадор на Исламската Република Иран, со седиште во Софија, потенцирал дека тие односи се темелат на меѓусебно разбирање и на почит.

-Во таа насока, дозволете ми, да ја потенцирам нашата подготвеност за натамошно унапредување на меѓусебната соработка во областите од заемен интерес, меѓу кои би ги издвоил економијата, туризмот и културата. Ве уверувам дека и за време на Вашиот мандат ќе продолжиме со активностите и со иницијативите за постигнување уште поголема соработка во овие домени, рекол претседателот Пендаровски.

Истакнувајќи дека двете земји имаат долга историја и голем потенцијал за проширување на односите, амбасадорот Расули посочил дека на економско поле постојат многу капацитети и области за соработка.

-Верувам дека блиските политички ставови, јасните економски интереси, силното културно сродство и блиското пријателство помеѓу владите и народите на двете земји, се силна основа за развој на односите и затоа подготвен сум преку консултации со македонските власти да се финализира и прецизно спроведе агендата за идните односи, нагласил амбасадорот Расули.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Кипар, Димитриос Теофилакту и на Иран, Сејед Мохамад Џавад Расули, им посакал успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција. 

извор: МИА

Next Post

Радев: Бугарија бара гаранции за проширување на ЕУ со Северна Македонија

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

Украина испрати специјални сили да ги протераат Русите од Покровск

November 1, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk