ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Наскоро полесно до дигитален здравствен сертификат во согласност со “Smart Health Card” стандардот, најавени нови 190.000 „Фајзер“и 500.000 „Синовак“ вакцини

June 2, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Mрежата “CommonTrust“ и Светски Економски Форум, во рамки на проектот “The Commons Project“ ja создадоа апликацијата “CommonPass“, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за взаемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите. Министерството за здравство на Република Северна Македонија како поддржувач на развојот на технолошки решенија базирани на меѓународни стандарди, се приклучува кон мрежата “CommonTrust” за издавање на дигитални здравствени сертификати преку новата апликација “CоmmonPass“.

Фискална стратегија, како и Стратегијата за управување со јавниот долг на Република Северна Македонија за 2022-2024, со изгледи до 2026 година, се усвоени на вчерашната седница на Владата.А исто така, утврдена предлог одлука за продолжување на кризната состојба до 31 декември.

Во јуни треба да пристигнат околу 110 илјади Фајзер вакцини преку Ковакс системот и околу 80 илјади преку нашиот директен договор. Во овој момент се пријавени 180 илјади граѓани кои чекаат да добијат термин, а 40 илјади се над 60 години, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Во вчерашното гостување на ТВ Телма, Филипче кажа дека она што се очекува, според последните најави, е од вакцината „Синовак“ која што денеска ја одобри Светската здравствена организација, во нашата земја да стигнат 500 илјади дози.

Вакцинацијата на сите пунктови низ државата, според здравствените власти, се одвива непречено, а интересот секојдневно се зголемува. Активноста, како што тврдат нема да запре со оглед на најавите дека ќе пристигнат нови количини вакцини, а има доволно вакцини и за втора доза. Досега за вакцинација се пријавени над 433 илјади.

Во пресрет на лидерскиот самит на земјите – членки на Алијансата кон средината на месецов, вчера попладне преку заштитена видео-конференциска врска се одржа состанок на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на кој учествуваше министерката Радмила Шекеринска. Шекеринска вели дека од самитот на НАТО се очекуваат амбициозни одлуки кои ќе ја направат Алијансата посилна.

Министерката за образование и наука Мила Царовска на гостување на утринската програма на Сител рече дека со кампањата “Учи паметно работи стручно”, после многу години се обновува врската, се враќа соработката и довербата помеѓу средните стручни училишта и компаниите. До минатата година имавме само 11 дуални паралелки, сега отвораме 97 дуални паралелки, вели таа.

М. Миткоска

Next Post

Царовска: Изборот на средно стручно училиште им дава можност на учениците полесно да се вработат, но и да студираат

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk