Со преку 1,6 милијарди евра во наредните 6 години Владата ќе гради и реконстуира патишта низ целата територија на земјата, соопшти Владата со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.
Еден од првите приоритети е автопатот Скопје – Блаце кој изнесува 120 милиони евра. Тој е еден од првите приоритети во патната инфаструктура во државата од стратешки интерес заради Косово, голем наш трговски партнер. Во косовоскиот дел е изграден веќе автопатот , а за делот во земјава заврши првата делница на тендерот, а македонската компанија „Гранит“ го доби тендерот.
Како што најави премиерот Зоран Заев на презентацијата на планот, наскоро ќе се објави тендер за експресниот пат Битола – Меџитлија, додека автопатот Битола – Прилеп, вреден 130 милиони евра ќе се гради согласно посебен закон во самиот парламент.
Автопатите Гостивар – Букојчани; Букојчани – Кичево; Струга – Ќафасан и Тетово – Гостивар, се проект вреден преку 500 милиони евра и ќе се изведуваат согласно Законот за стратешки инвестиции.
Дополнителни делници на експресни регионални патишта низ земјава кои се предвидени низ земјава се Куманово – Страцин, 12 милиони; Крива Паланка 10 милиони евра, Петровец – Катланово 7 милиони, како и во другите региони во државата, севкупно 63 милиони евра.