ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Каранфилова-Пановска: Луѓето во власта кои доаѓаат од граѓанскиот сектор имаат поглем сенс за важноста од креирање политики

June 3, 2021 13:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на владиниот кабинет кои биле претходно во граѓанските организации се едни од поуспешните министри Критиката е здрава работа и значи дека имаме можност секој да има слобода да си го изрази својот став. Уште подобро е кога тие критики се слушнати од адресите до кои се упатени и се на некој начин земени предвид, вели Фани Каранфилова-Пановска, извршен директор на Фондацијата Отворено општество по повод три децении работа во Западен Балкан.

-Тоа што интелектуалните критички ја опсервираат работата на оваа власт е добро и здраво. Тоа е доказ дека овде секој може да си го каже својот став без да претрпи последици. Меѓу бројните критичари е и нашиот поранешен претседател Владимир Милчин, со кој релациите ни се одлични, но тој откако заврши на функцијата во Фондацијата си се посвети на свјата режисерска работа повеќе и веројатно работни кои и претходно го интересирале, но не можел толку да им се пoсвети, појаснува таа.

Таа појаснува дека многумина во судската и извршната власт биле соработници на Фондацијата, а сега добро познати актери во општествениот живот.

– Сите членови на кабинетот на сегашнава влада кои на некој начин произлегуваат или имаат свое минато со работа во граѓански организации дефинитивно имаат поглем сенс за тоа зошто е важно, колку е важно и како треба да се вклучи граѓанското општество во процесите на креирање политики. Нивната предност е тоа што, покрај тоа што сите се компетентни во областите во ресорите кои се избрани да ги водат, имаат увид во милјето помеѓу граѓанските организации, вели Каранфилова-Пановска.

Таа појаснува дека токму овие професионалци знаат како граѓанското општество пулсира и дише и тоа е предност пред сите можеби останати, за да бидат посензитивни и можеби дури и со поголемо знаење за тоа во кој момент треба организациите да бидат консултирани и како и зошто нивните препораки за одредни пракси и политики, да ги земат предвид.

– Членовите на владиниот кабинет кои биле претходно во граѓанските организации се едни од поуспешните министри, барем досега. Се разбира, будно следиме сѐ што се случува, но нашата главна одредница со која се занимаваме изминатите години и ќе се занимаваме во иднина, е да помогнеме таа неурамнотеженост да се избалансира најмногу кога станува збор за економско-социјалната нерамноправност на граѓаните, вели таа.

Каранфилова-Пановски посочи дека пред сѐ мисли на нерамноправноста во пристапот до образование, пристапот до здравствени услуги, заедниците кои се економско и социјално депресирани и на кои им треба повеќе помош отколку на кој било друг. Тука во фокусот се и Ромите и жените и децата и тоа од овој аспект до пристапот со основните услуги поврзани со основните човекови права.

– Ќе се фокусираме на тоа како работат и управуваат институциите со ресорите коишто им се доделени, од аспект на тоа дали тоа се прави по принципите на добро владеење и справување со корупција. Тука ќе делуваме многу и ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите на граѓанските организации да се залагаат за оние круцијални вредности на отвореното општество и понатаму, но пред се да бидат будни и да ги следат политиките на оваа власт и да бидат гласни кога некои од тие политики застрануваат, вели таа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

politika.rs

Кина ветува „подлабока“ поддршка за Русија по заканата од Трамп

July 15, 2025

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

July 15, 2025

Соработката помеѓу Европската народна партија и Спрска напредна странка над случувањата во Србија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сулејмани: Фестивалот „Кенге Јехо“ ги зацврстува културните врски и меѓународната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk