Нема влошување на епидемиолошката состојба и нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. И вчера како и претходните денови се регистрирани мал број новозаразени, а се намалува и бројот на починати како последица од Ковид-19. Доколку продолжат овие бројки, по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки. Расте бројот на вакцинирани, во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани. А вчера биле аплицирани 6.521 вакцина.
Како националистите го растураат општеството… Практично, а тоа е општо место, нашите националисти никого и ништо не гледаат освен себеси и своите „мешиња“. Другите – сакале или не сакале – ќе бидат туѓо тело во стариот и расипан груевистички свет. На дебатата на Канал 5, во емисијата „Само вистина“, помеѓу Џабир Дерала, репрезентативен борец за човекови права, и Богдан Илиевски, алијас „Бетмен“, забележав еден детаљ. Кој е – сигурно се прашувате. Тој детаљ ни го кажува следното: преку што популистите го растураат и делат општеството? пишува Ненад Јовановиќ.
Музичарите и музичките работници преку Здружението за унапредување на правата на музичарите (ЗУПМ) „Музика сега“ побараа од Владата укинување на точките од протоколите со кои во угостителските објекти за исхрана и кафетерии е забрането организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи, музички групи, диџеи) и се ограничува максималното ниво на бучава во објектите на 55 децибели, соопшти Незнависната угостителска комора (НУК).
Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, утре од 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит, мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15.294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број пријавени, 7/050 се од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование.
М. Миткоска




