ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Расте бројот на вакцинирани, пандемијата стивнува

June 4, 2021 09:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Пункт за вакцинација сала „Борис Трајковски“ Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Пункт за вакцинација сала „Борис Трајковски“ Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Бројките на новозаразени стивнуваат, а бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 од ден на ден се зголемува. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 241.368 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани. Според Министерството за здравство, со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години и 41 отсто од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.

Од вчера започна и вакцинацијата на сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид 19, на возраст  од 20  до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021. Заклучно со утре треба да се вакцинираат лицата во ризик во кои се опфатени повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските клиники и граѓанските здруженија, како кардиоваскулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.

Како што вчера најави министерот за здравство Венко Филипче веќе стигна информација од претставниците на „Синовак“ дека во следните седум дена може да очекуваме да стигне пратката со 500 илјади нивни вакцини.

-Оставам резерва, гледаме со што се соочуваме, меѓутоа верувам дека ова ќе се оствари, истакна Филипче.

Тој рече дека ги уфрлиле во системот 10-те илјади вакцини на „Фајзер“ кои стигнаа во понеделникот, меѓутоа очекуваат значајно забрзување на процесот на вакцинација кога ќе стигнат и вакцините од „Синовак“ и додаде дека кога ќе се исцрпат сите граѓани од списокот на пријавени веројатно пунктовите за вакцинација ќе работат и без закажување.

Во врска со вакцините „Спутник В“, Филипче посочи дека според кажувањата на амбасадорот на Русија, може да се очекува нивно доцнење.

Помош во вакцини за земјава најавија Грција и Бугарија, информираа дописниците на МИА од Атина и Софија. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред десетина дена од Брисел изјави дека Грција ја разгледува можноста билатерално да ги поддржи соседните земји со вакцини, а министерот за здравство Венко Филипче во понеделникот откри дека можеме да  очекуваме 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.

Информацијата дека Грција ќе испрати 20.000 дози од вакцините вчера ја потврди и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони.

-Грција, во координација со Европската Комисија, како што прават повеќето европски земји за нивните директни соседи, ќе им понуди вакцини на соседните земји, 20.000 дози за Северна Македонија и 20.000 дози за Албанија, рече Пелони.

Бугарија, пак, планира да донира до 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на државите од Западен Балкан. Бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров вчера информира дека Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина веќе имале пратено барања до Бугарија.

 

Next Post

Бајден укажа во кои земји ќе биде донирана првата транша 25 милиони вакцини

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Фестивалот на балони во Кападокија го освои августовското небо

August 12, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан

August 12, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Мадона со апел до папата: Посетете ја Газа – децата умираат од глад, нема повеќе време

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи: Срам за Владата – работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ и Алијанса за Албанците со жестока реакција на изјавите на Мицкоски за конфликтот во 2001 година и УЧК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk