ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Ребалансот на Буџетот ќе биде објавен многу скоро

June 5, 2021 19:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се прават последните консултации со министерствата и јавните институции околу ребалансот на Буџетот и тој се очекува да биде објавен многу наскоро. Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервју за МИА открива дека релабансот ќе биде во насока на поддршка на развојот и опоравувањето.

– Мислам дека многу набргу, наредните 10-тина дена би требало да се случи. Нема да има премногу изненадувања. Стандардно тоа што го покажавме е дека домаќински се грижиме за јавните средства. Таму каде што навистина нема можност да се спроведат одредени проекти, ќе се скратат и ќе се алоцираат средствата. Секако може да се алоцираат и во сегментот на поддршка на стопанството затоа што одредени показатели покажуваат дека можеби ќе треба уште еден период да има мерки. Поддршката на стопанството повеќе ја гледам како поддршка за креирање на додадена вредност, а не само како давање на помош за справување со последици, вели Битиќи.

Во интервјуто, вицепремиерот нагласува дека како Влада го менуваат пристапот на креирање на Буџетот и работат на тоа да имаме буџет произлезен од вистинските потреби.

– Треба одредено време и веројатно многу скоро за две до три години ќе дојдеме до начин на креирање на буџет кога ќе зборуваме за 100 процентно различен буџет од тоа што сме го имаме пред пет години. И тогаш нема да зборуваме за приоритетни и неприоритетни работи, туку за ургентни и помалку ургентни работи, истакнува вицепремиерот Битиќи.

Интервентниот инвестициски план кој треба да се спроведе до 2027 година, ефектите од шесте пакети мерки, изградбата на фотонапонската електрана во Штип за која се разгледуваат можностите за финансирање и кои се очекувањата од анализата што ја работат надлежните институции за увозот на мазутот, се дел од темите за кои МИА разговараше со вицепремиерот Битиќи.

Тој се осврнува и на можностите што треба да им се дадат на младите за да ги развијат своите идеи и бизниси, притоа откривајќи дека две компании кои имаат изуми од вештачката интелегенција и високата технологија ќе бидат претставени на Дубаи експо.

Дел од разговорот се и најавите на „Лидл“ за инвестиции во земјава, како и плановите на Владата во делот на странските инвестиции.

Интервјуто со вицепремиерот Битиќи заедно со видео материјал МИА ќе го објави утре.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути

July 15, 2025

Конференција „Финансиска отчетност на изборите“ во организација на ДЗР

July 15, 2025

Без вода село Трубарево и улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во Гази Баба

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk