„Чиста Преспа Моја Преспа“ е мотото на големата еко кампања , која денес симболично на Светскиот ден за заштита на животната средина започна во општина Ресен. Целта на овој проект е расчистување на депониите и уредување на плажите вдолж Преспанското езеро.
Лоцирани се 17 диви депонии, кои во рок од еден месец ќе бидат комплетно расчистени.
-„Секој нека тргне од својот двор од својата улица, од своето маало а ние како општина со сите наши ресурси ќе се потудиме да ја направие Преспа најчиста површина во нашата држава“, вели Живко Гошарески градоначалник на општина Ресен.
Амбасадори и поддржувачи на кампањата се познатите актери од популарната серија Преспав. Кампањата ја поддржаа и повеќе јавни личности од земјава, новиари, водители, музичари.
-„Секој двор да си го исчистиме зш тој ќе ни биде убав нели достоен за да ни додјат гости. Зш ако не си прочистиме кај Бончо кој ќе му дојт таму, нема никој да му дојт.И да не фрламе батерии и пластични шишиња во езеро зш тие нема да се наполнат“, вели Владимир Тулиев актерот (Преспав познатиот Дончо).
-„ Јас се надевам дека токму со оваа акција ќе допреме буквално до секој поединец, бидејќи сите ние жиееме под истото сонце, а нашиот заеднички дом е планетата Земја која треба да се потрудиме да ја оставиме чиста на идните генерации“,вели Маријана Станојковска водителка.
,,Не сум од Преспа, но имам потекло од тука, веднаш ја прифатив улогата да бидам амбасадор на една ваква кампања. Секој дел од нашата Македонија е убав, ајде на почеток да ја исчистиме Преспа!” – рече амбасадорот на кампањата Игор Ангелов.
,,Водени од пораката ,,Да ја оставиме чиста Преспа за идните генерации бидејќи од нив ја позајмивме, а ја добивме од претходните, денеска на плажата Претор, започна најобемната кампања за чистење на Преспа. И не треба некој друг да почне, од сите нас зависи, секој нека тргне од својот двор, од својата улица, од своето маало. Само така ќе можеме да ја оствариме нашата цел- Чиста Преспа, моја Преспа”.- изјави градоначалникот на Oпштина Ресен Живко
Ќе се чистат плажите во Стење, Коњско, Претор, Крани, островот Голем град, природниот парк Езерени, а еко акции ќе има и во градот Ресен.
Соња Рилковска