ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Истражување на УНИЦЕФ: 100% од учениците потврдиле дека онлајн наставата течела според распоред

June 7, 2021 11:26
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите учесници во образовниот процес (директори, наставници и ученици) оценуваат дека наставата на далечина е поорганизирана оваа учебна 2020/21 година споредено со второто полугодие од 2019/20. Клучни промени се: доследна организација на наставата според распоред на часови и користењето на платформа за видео-конференциски повик за реализација на предавањата и часовите. Ова беше соопштено на денешната презентација на наодите од истражувањето „Искуствата и ставовите на директорите на училиштата, наставниците и родителите во врска со учењето на далечина“, на која присуствуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ, Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Зекирија Хасипи, директор на Бирото за развој на образованието и Тања Иванова, Претседателка на Реактор – Истражување во акција. Истражувањето е реализирано во две фази и споредува податоци од двете учебни години во периодот март 2020 – декември 2020 година.

„Како и сите земји во светот и ние се соочивме со предизвикот за брза реорганизација на наставата во услови на пандемија. Сите знаеме дека не беше лесно, но дека вложивме максимални напори да имаме успешна учебна година, што ни го потврдува и самото истражување. Огромна благодарност до УНИЦЕФ, Владата на Обединетото Кралство и истражувачкиот тим на “Реактор-истражување во акција“ за поддршката и соработката со МОН и Бирото за развој на образование за реализација на ова истражување. Наодите од него ни даваат прецизна слика за успешноста на учењето на далечина и каде треба да се фокусираме за да ги подобриме резултатите“, рече министерката Царовска.

Според истражувањето и директорите и наставниците во просек дале повисоки оценки за МОН и надлежните органи во поглед на јасноста на насоките кои ги добиваат за организација на наставата на далечина, споредено со претходната учебна година.

На прашањето дали во твоето училиште наставата на далечина се одвиваше според распоред 100% од учениците одговориле потврдно. Минатата година само 22% од учениците се изјасниле дека наставата е според распоред.

Двојно се намалува процентот на родители кои сметаат дека учењето на далечина не е ефективно. Минатата година 49% одговориле дека учењето на далечина не е ефективно, а оваа учебна година 26% го делат овој став.

„Речиси половина од родителите чии деца имале настава на далечина (48%) го оценуваат работењето на наставниците со одличен пет, а дополнителни 26% со многу добар четири“, покажа истражувањето.

Квалитативните наоди потврдуваат дека и според родителите на децата со специфични образовни потреби, организацијата на наставата е подобра оваа година. Клучна е улогата на образовните асистенти и подготвеноста на наставниците да ги следат индивидуалните планови за развој на децата.

Next Post

Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши (во живо)

НАЈНОВО

Скриншот од Фејсбук видео на Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025
Селим Ибраими

Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

November 4, 2025
Скриншот

Анчелоти: Имам добри односи со Винисиус, како и со другите играчи

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk