Поради недоволно познавање на процедурите од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на изборот на судии на Уставен суд, беше побарана пауза од еден час на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Ова денеска за МИА го изјави претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Костадин Костадинов.
-Не може да ги имаме биографиите на уставните судии кога самите кандидати произлегуваат од замениците или од членовите на Комисијата за избори и именувања.Процедурата е следна, на самата комисија колегите, заменици и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата даваат предлози за уставни судии. Поднесуваат биографии за нив, даваме пауза, сите пратеници ги имаат на увид биографиите и продолжуваме на одлучување на уставните судии. По одлучувањето, предлогот на одлуката оди на конечно одлучување на пленарна седница, објасни Костадинов и додаде дека постапува согласно законот.
Појасни дека како претседател на Комисијата, на барање на пратеничката групана ВМРО-ДПМНЕ, е должен да даде пауза од еден час.
На дневен ред на седницата има вкупно 21 точка, меѓу кои се Барањe за остварување на надоместот за закупнина на стан, Утврдување предлог одлука за именување претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, Утврдување предлог-одлука за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти…