ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Сериозно ја зголемивме транспарентноста, градиме институции отворени за граѓаните

June 7, 2021 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

По 11 годишната изолација на земјата, затворени институции и забранети за важни информации за јавноста, транспарентност и отчетност беше еден од главните приоритети на СДСМ, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Кузеска нагласи дека успешните политики кои ги презема Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев насочени кон зголемување на транспаретноста и отчетноста на институциите дадоа позитивни резултати.

„Релеватните извештаи нотираат видлив напредок во активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините во државата.

Според извештајот за Индекс на активна транспарентност 2021 година, активната транспарентност оваа година бележи раст од 18% споредено со 2016 година, односно активната транспаретност оваа година изнесува 63%, за разлика од 2016 година кога била 45%.

Во делот на транспаретноста на општините, во извештајот е наведено дека за прв пат една општина има дури 100% активна транспарентност, подобрување е постигнато кај 51 општина, а се забележува и значително подобрување и кај транспаретноста на министерствата.

Активната транспарентност на Владата оваа година се искачи на 93,5%, со што влегува во групата „многу добра транспарентност“, за разлика од 2016 година кога Владата припаѓала на категоријата просечна транспарентност со ниски 25%.

Високите рангирања во овој Извештај, но и во останатите меѓународни извештаи се вистинско признание за преземените мерки за зголемување на транспаретноста.

Во 2017 година Владата ги задолжи министерствата, сите органи кои одговараат пред Владата, а потоа и сите општини во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават потребните 22-документи и материјали согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, се креираше и портал за отворени податоци, на којшто институциите ги објавуваат податоците кои се во интерес на медиумите, бизнис заедницата, но и на сите граѓани.

За разлика од порано кога службените трошоци на функционерите беа тајна, денес сите договори за јавни набавки се објавени транспаретно.

Нема веќе тајни набавки, забранети цифри за објавување за народните пари кои ги трошат функционери. Секој граѓанин има право да знае, како и зошто се трошат народните пари.

Со иницијативата „Отворен трезор“ се отворија трезорските трансакции на национално и локано ниво, со што јаноста има директен увид во трошењето.

СДСМ е партија која работи во интерес на граѓаните и државата. Транспарентноста и отчетноста во работењето ја зајакнуваат довербата на граѓаните во институциите. Како одговорна и државотворна партија продожуваме и натаму со конкретни мерки и политики кои дополнително ја зголемуваат транспаретноста, а со тоа и довербата на граѓаните.“, рече Кузеска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Раст од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани

НАЈНОВО

Билетите за „Одисеја“ на Нолан распродадени една година пред премиерата

August 1, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Потврдена првостепената пресуда за Додик, една година затвор поради неизвршување на одлуките на високиот претставник

August 1, 2025

Косово ги укина царините за стоки од САД

August 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН објави конкурси за стипендии, подршка за 7880 ученици и студенти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград и Загреб најдоа начин и понатаму да продолжат со генерирање омраза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk