Македонскиот идентитет и јазик не се, ниту пак би можеле да бидат предмет на какви било преговори. Нашиот идентитет и македонскиот јазик се резултат на културен и научен факт, резултат на долгогодишниот историски и културен развој. Додаде дека е благодарен на пријателскиот гест на Србија, да и помогне на Северна Македонија во справувањето со корона-кризата, посебно ја издвои помошта во процесот на вакцинирање.
Димитар Апасиев девет месеци од извршување на функцијата пратеник во Собранието нема поднесено ниту еден амандман ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните, што е директен доказ дека лидерот на Левица е лажен борец за социјална правда, обвинува владејачката СДСМ.
Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2, соопшти денеска Министерството за здравство. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран. A Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава. Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.
Ми се допаѓа кога кучињата лаат, а карванот врви. Мислам на политичките кучиња. И на политичкиот карван. Не знам од каде е извлечена моралната супериорност на идејата дека карванот треба да сопре кога кучињата лаат. А не дека некој треба да ги избрка песовите. Тоа а морален императив на глупоста, на немоќта на плачипичноста, на префрлање на одговорноста, на неодговорноста, пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.
М. Миткоска





