ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потврдена е успешноста на онлајн наставата, залудни се покажаа сите критики

June 7, 2021 14:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако на почетокот процесот со онлајн настава беше критикуван од опозицијата, како и од некои родители, сепак, резултатите од истражувањето на УНИЦЕФ покажуваат голема успешност на наставата преку интернет.

Истражувањето потврдило дека постои значителен напредок во организација и спроведување на онлајн учењето, а при тоа се постигнале и одлични резултати. Сите учесници во образовниот процес (директори, наставници и ученици) оценуваат дека наставата на далечина е поорганизирана оваа учебна 2020/21 година споредено со второто полугодие од 2019/20. Клучни промени се: доследна организација на наставата според распоред на часови и користењето на платформа за видео-конференциски повик за реализација на предавањата и часовите. Со ова се потврдува ставот на Владата дека уште од самиот почеток на онлајн наставата се вложувале напори за нејзино доследно применување, а уште подобро е тоа што во оваа учебна година биле надминати некои слабости карактеристични за ланската учебна година. На стартот од онлајн наставата, дел од директорите и наставниците беа скептични во процесот со учење од далечина, но како одминуваше времето и тие се уверија дека владиниот концепт е спроведлив и дава резултати.

Токму затоа, според истражувањето и директорите и наставниците во просек дале повисоки оценки за МОН и надлежните органи во поглед на јасноста на насоките кои ги добиваат за организација на наставата на далечина, споредено со претходната учебна година. Дури и учениците, кои на почетокот реагираа дека немаат јасен распоред на часовите и дека наставата делумно се одвива, сепак на крајот и тие потврдиле дека наставата се одвивала непречено, според распоредот на часови и дека се поминало во најдобар ред. Двојно се намалил и процентот на родители кои сметаат дека учењето на далечина не е ефективно. Минатата година 49% одговориле дека учењето на далечина не е ефективно, а оваа учебна година само 26% го делат овој став.

Речиси половина од родителите чии деца имале настава на далечина (48%) го оценуваат работењето на наставниците со одличен пет, а дополнителни 26% со многу добар четири. Сите овие бројки потврдуваат дека наставата била добро организирана и спроведена и дека учениците можеле да се стекнат со потребните знаења. Со тоа се демантираат сите обиди на опозицијата и одредени групи неосновано да ја критикуваат онлајн наставата. МОН е фокусирано и на дигитализацијата на образовниот процес и на темелни реформи во наставната програма. И за тој процес постојат одредени критики, како што имаше на почетокот за онлајн наставата, но време е конечно да се спроведе она кое што 30 години се зборува и се става само на хартија, а никогаш никој не се дрзна да го оствари.

Д. Е.

Next Post

Во првите четири месеци вредноста на извозот на стоки изнесува 2,739 милијарди долари

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk