ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Шкопење на Злото

June 7, 2021 10:24
in ZOOM IN, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ми се допаѓа кога кучињата лаат, а карванот врви.

Мислам на политичките кучиња.

И на политичкиот карван.

Не знам од каде е извлечена моралната супериорност на идејата дека карванот треба да сопре кога кучињата лаат.

А не дека некој треба да ги избрка песовите.

Тоа а морален императив на глупоста, на немоќта на плачипичноста, на префрлање на одговорноста, на неодговорноста.

И затоа се радувам повеќе на врвењето отколку на лаењето, но и на лаежот кој се оддалечува и сѐ повеќе доаѓа до нашите уши како некое далечно ехо од зад планините и морињата.

А и кога е од блиску, некако ми е шуплив, има некаков обем, но е празен и не ја фаќа старата резонанца со средината.

Затоа, меѓу другото, јас велам дека стварноста на озлобената јавност нема шанси во судирот со стварната стварност.

Единиците на реалниот живот ги потиснуваат позициите на сеирот, зависта, злобата, злото, на хаосот, нихилизмот и катастрофализмот и тие, со сериозни загуби, отстапуваат од центарот кон маргините.

Знам дека поради медиумската конфигурација во корист на злото, тоа можеби не изгледа така, но јас ве уверувам дека судбината на проливите, каков што беше оној на буша(ва)та Жу, за спасоносното хомогенизирање и востанување  на Македонците против Албанците, покажува дека умислениот патриот се само претвора во предмет на спрдачини и  ги зголемува  шансите за сопствената изолација и пропаст правопропорционално со динамиката на промените во светот и во Македонија.

И на сопствената армираност во минатото и во глупоста.

Вака, гестот на Жу го разбираме како прва бинда на востанието против федерализацијата на Македонија.

Знам дека може да звучи мизогенично, но јас морам да речам дека тоа што бушавата Жу никој не ја ебе, е многу сериозен знак за зреењето на македонското општество и за перспективите на Македонија.

Можеби треба да се размисли за отворање на домови за ментални фрустрации  од политички вид. Да може секој да појде, да каже што има да каже, да не страда чувајќи ги волшебните идеи за спас во себе, а и да обезбеди општеството да не страда.

Фејсбук да ги окречи сите ѕидови.

Со напомена дека поради тоа и тоа менталниот пролив ќе се снима.

Секоја буша би давала повеќе млеко од помалку храна.

Жу би добила жолта маркичка на увото, односно гаранции дека ништо нема да и се случи поради тоа што се испокакала затоа што тоа ќе и биде овозможено да го стори во посебен дом за политички просерувања.

Со своите големи мокри очи и дебели кадри на челото Жу би била предмет на општо национални симпатии, а не за заебавање.

Тоа што е Милка за Швајцарија, тоа ќе биде Жу за Македонија.

Чиста Комедија со елементи на трагедија.

Зошто е тоа така?

Затоа што стварната стварност се менува.

Светот се менува.

Македонија се менува.

ДУИ се менува, СДСМ се менува.

Само злото седи крај реката Петра и плаче што светот, кој се занимава со себе, не го ебе. А и домашната јавност сѐ повеќе претпочита да бара други партнери или да мастурбира, само да нема никаков однос со чипирано зло во вмро-дпмне, макар и со трислојни кондоми. Плаче над сопствената немоќ да го убеди светот дека спасот на сѐ, од климатските промени, до тероризмот и од растот на џи-ди-пито, до решавањето на израелско-палестинскиот судир, и до враќањето на национлното достоинство, е во смената на Заев.

И во нивната инсталација.

Хахаха.

Јавноста, која во последните пет години илјада пати ја прогласи Македонија мртва, крахирана, уништена, обезличена, поразена, почнува да сфаќа три работи: прво, дека тоа не е точно, второ, дека користољубивите очекувања од тие катастрофизми им се изјаловуваат, а искрените верувања во таа насока ги претставуваат како наивни будали и инфантилни типови кои не се добри за јавните работи и, трето, дека во сегашниве констелации нема алтернатива, односно дека тие со своите неуморни ангажмани до неодамна повеќе работеа на доаѓањето на смртта отколку на соборувањето на Заев, а сега ниту смртта повеќе не ги ебе.

Тие се обидуваат да го убедат народот дека врие, да му кажат колку многу му е лошо во овој хотел со пет ѕвездички (хахаха, да, да, да, со пет, добро, можеби, со четири, но, секако од висока категорија), перцепцијата на лошото да ја издигнат многу над реалниот квалитет на животот, но јас мислам дека луѓето, ако се зовриени, претпочитаат студена вода, а не експлозија на главите. Или во главите.

Можеби најдобра илустрација на заглавеноста и бесперспективноста на злото и перспективите на решенијата на стварниот живот, освен неверојатните подвизи на менталната закржлавеност на кравите од марката Жу, се блокадите на чипираните идиоти и нивните левичарски сателити во Собранието, од една страна и решението за таканаречената зелена трансформација на ДУИ.

Дури и само на декларативно ниво отклонот на партијата на Ахмети, од етно-националните проблематики кон универзалните теми, е од исклучително значење и за партијата и за нејзиниот лидер и за Македонија. Тоа е препорака и Македонија да се одлепи од идиотските теми за идентитетот и историјата. Тоа е многу сериозен обид да се фати приклучок со вистинските потреби на луѓето и со политичките тенденции кои почнуваат да освојуваат значајни парчиња од просторот кој го заземаа класичните партии на левицата и, особено, на десницата. Наспроти тоа, го имаме вмро и онаа собраниско брадесто говно кои на еден апсурден начин покажуваат зошто, всушност, не смееме да им дозволиме да дојдат на власт. Тоа се такви анахрони, конфликтни, самоубиствени агенди, што нормален човек не може да поверува дека се можни во Македонија без да се резултат на идејата за деструкција и дисолуција.

Или на чистата лудост.

Така што ми се допаѓа тоа што карванот си врви.

Мислам дека и блокадата ќе биде крената.

Антикорупциската акција на САД, можеби, не е без врска со таа блокада односно со обидот на Софија да игра против геополитичките интереси на Вашингтон и на Берлин во овој чувствителен дел на светот. И ставот на европските фактори е јасен. Како што е јасно дека кревањето на блокадата е и бугарски интерес од највисоко качество.

За Македонија да не правиме муабет.

После може да му излезам на Жмицко на некоја телевизија и да му објаснам зошто ќе остане опозиција уште сто години.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk