ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За 29,5 отсто намален бројот на заразени со Ковид-19, за 45,8 отсто на смртните случаи

June 7, 2021 16:56
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 мај до 6 јуни тестирани се вкупно 19.672 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 9,1 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=65; 41,9 отсто), со неделна инциденца – 10,5/100.000. Највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар.

Процентот на позитивност се движи од 0,1 отсто до 1,4 отсто, просечно 0,7 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=52, 33,5 отсто). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од од 50 до 59 (n=26; 16,8 отсто), од 40 до 49 (n=25; 16,1 отсто), од 30 до 39 (n=20; 12,9 отсто) и од 20 до 29 години (n=18; 11,6 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=4; 2,6 отсто) и од 10 до 19 години (n=10; 6,5 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 465 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 30,8 отсто во споредба со минатата недела.

Пријавени се 13 смртни случаи од шест градови, што е за 45,8 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, девет лица биле над 60 години, три лица на возраст од 50 до 59 години и едно лице од 40 до 49 години.

На 17 февруари во Р.С. Македонија почна вакцинацијата против Ковид-19. Заклучно со 6 јуни аплицирани се:

• 60.526 дози на „Фајзер/Бионтек“ (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза),

• 45.168 дози на „Спутник В“ (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза),

• 32.875 дози на „Астра Зенека“ (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и

• 251.705 дози „Синофарм“ (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).

Заклучно со 6 јуни вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 31 мај до 6 јуни, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Абдула Османи, Алијанса за Албанците/ Фото: Зоран Димовски, Фронтлајн

Алијанса за Албанците во одговор на зелената партија ДУИ: Тетово е опасно место за живеење во кое сѐ уште се зборува за основна хигиена и чиста вода за пиење

НАЈНОВО

Анаис

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 16 ОКТОМВРИ

October 16, 2025

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за фотографиите со Црвенковски: Само ќе го цитирам со неговата позната изјава – Или си СДСМ, или не си

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk