ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанскиот парламент ќе гласа за разрешување на претседателот Мета

June 9, 2021 08:10
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната седница на албанскиот законодавен дом, пратениците треба да го усвојат извештајот на анкетната комисија за кршење на уставните надлежности од страна на претседателот Илир Мета и да гласаат за негово разрешување, што се случува за првпат во тридеценискиот плурализам во земјата.

Во обемниот извештај од стотина страници, во кој се внесени транскрипти од сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, анкетната комисија дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот.

Деветте пратеници членови на комисијата, од кои 8 веќе нема да бидат во новиот парламент што ќе се контитуира во септември, сметаат дека Мета го нарушил националното единство, изборниот процес, човековите права, ја загрозил безбедноста на земјата, односите со стратешките партнери, со што го нарушил угледот на земјата.

Oсвен што се соочува со разрешување Мета може да се најде и пред Специјалното јавно обвинителство, СПАК за две сериозни кривични дела, јавни повици за насилно однесување и поттикнување национална омраза.

Комисијата бара од истражните органи да започнат истраги главно против претседателот за поттикнување насилство и омраза пред и за време на парламентарните избори на 25 април 2021 година.

На владејачките социјалисти ќе им требаат 94 гласа, што ќе ги побара од пратениците што ги пополнија пратеничките мандати откако од нив се откажаа од нив во февруари 2019 година, од кога поголемиот дел од овие пратеници секогаш гласаат за предложена инцијатива или закон на социјалистите.

Без оглед на одлуката на Парламентот, Уставниот суд ќе го има последниот збор за тоа дали Илир Мета сериозно го прекршил Уставот или не и дали неговите изјави предизвикале несакани последици. Уставниот суд одлуката треба да ја донесе во рок од три месеци.

Претседателот на анкетната комисија, Алкет Хисени, деновиве изјави дека „комисијата има сериозни факти дека Мета го прекршил Уставот и оти треба да биде разрешен“.

-Владејачкото мнозинство воопшто не се чувствува гордо што е во таква ситуација, но, смета дека, неговото разрешување ќе послужи како порака за идните генерации, рече тој.

Мета од своја страна во повеќе наврати кажа дека тој на функцијата останува до 24 јули 2022, односно до крајот на мандатот и оти секогаш се предводел од надлежностите што ги има како Претседател. За него парламентот две години е без опозиција, што е повеќе од неуставно.

Ова е втор обид на социјалистите да го сменат претседателот, по започнатата постапка во 2019 која беше прекината по добиеното мислење од Венецијанската комисија, кое беше побарано поради нефункционалноста на Уставниот суд на Албанија./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk